Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.12.2012, 12:30
Ниш ни бледа сенка од јануари



Македонските фанови, кои на машкото ЕП го обоија градот во црвено и жолто, во најголем број се очекуваат против Данска в сабота

НИШ – Правењето паралели меѓу јануарското Европско првенство за ракометари во Србија и декемврискиот еврошампионат за ракометарки е како мешање баби и жаби, барем во однос на Македонија. Му доаѓа нешто како правење споредба меѓу прекрасно поминат летен одмор на море и враќање на истото место во зима. Навистина, и двете големи ракометни натпреварувања од средината на 1990-тите се одржуваат исклучиво во зима, но разликата е „драстична“, што би рекол Ѓуро од „Топ-листа на надреалисти“.

Ниш овие денови ни оддалеку не потсетува на „главниот град“ на јужна Србија од времето на походот на македонските навивачки „орди“ од почетокот на годинава. Ни „е“ од еуфоријата што владееше за време на вдахновениот залет на најдобрите македонски ракометари до историското петто место на стариот континент. Тогаш немаше кафуле или дискотека во близина на Спортскиот центар „Чаир“ што не беа украсени со македонски знамиња и каде што немаше врвулица од расположени љубители на овој спорт во Македонија.

За вечерашното отворање на натпреварите во групата Б со мечот меѓу Македонија и светскиот вицешампион Франција од локалниот организациски одбор очекуваат најмногу 2.000 гледачи, иако од Ракометниот сојуз на Србија тврдат дека до денеска се продадени 70 проценти од влезниците за Ниш. За илустрација, за стартниот дуел меѓу Македонија и Шведска на машкото ЕП салата беше исполнета речиси 99 отсто со македонски навивачи и пред мечот се бараше билет повеќе.

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Марјан Начевски, неспоредливо помалиот интерес кај Македонците за ова ЕП го објаснува со неколку фактори.

„Натпреварот со Швеѓаните во јануари се играше в недела, а сега со Французинките во вторник, значи во работен ден, и тоа во попладневниот термин. Тоа, објективно, влијае врз посетеноста, но клучни се резултатите. Ремито со Шведска во јануари, кога имавме и напад за победа во финишот, дополнително ја подгреа атмосферата во Македонија, па за следните два меча со Германија и со Чешка салата повторно беше полна со наши навивачи. Ако и девојките заиграат во таков стил, ќе видите што ќе се случува во Ниш“, вели Начевски.

Во македонската ракометна јавност преовладува мислењето дека клучен дуел за пласманот во вториот круг во Белград, каде што ќе продолжат трите најдобри селекции од Ниш, ќе биде тој со подмладената Данска в сабота од 20,15 ч. Токму за тој меч се очекува и најголем број црвено-жолти знамиња на трибините. Ракометарките најавија дека шансата ќе ја бараат и задутре од 18,15 ч. против европскиот вицешампион Шведска, која на Олимписките игри во Лондон летоска ги изгуби сите пет средби.

Кога сме кај Швеѓанките, Македонија доби подобро сместување од нив во Ниш. Исто како ракометарите, и ракометарките се сместени во хотелот „Тами резиденс“, но вторите им го отстапија депандансот на Скандинавките.

„Бев во хотелот во јануари и забележав дека репрезентативците мораа добро да се наоблечат за секое излегување до главниот објект за појадок, ручек и вечера. Со оглед на тоа дека од Ракометната федерација на Шведска не дојдоа на работниот состанок кога се договараше сместувањето, домаќинот нас не' смести во хотелот, а ним им го додели депандансот“, ни објасни Гордана Нацева-Бошева, директор на женската ракометна репрезентација на Македонија.

Дека во Ниш ништо не е исто како во јануари се погрижи да докаже и времето. Обилните врнежи од снег ден пред првенството ги замени сонце и повисока температура пред натпреварот со Франција наредниот ден.

„Времето ти е како женскиот карактер – променливо и непредвидливо. Никогаш не знаеш кога ќе те смрзне, а кога ќе те огрее сонце“, ќе прокоментира еден од колегите, со јасна алузија на очекувањата од најдобрите македонски ракометарки на јубилејното 10. Европско првенство во Србија. (Р.Д.)





Статијата е прочитана 543 пати.


Испрати коментар



Јувентус го елиминираше европскиот првак
Вардар Про подобар од Загреб во СЕХА лигата
Пандев почна да тренира со топка
Челзи се моли за пораз на Јувентус
Во Куманово падна и шампионот Галил Гилбора
Ранетиот Вардар про го пречекува Загреб
(ФОТО) Мини-фалангата го обели образот
Пораз на Мајами и покрај „трипл даблот“ на Џејмс
Сити се прости од Европа
(ФОТО) Ракометарките декласирани од Франција
Љубовта на Бекамови преовладуваше во збогувањето со Галакси
Јаневски ги објави имињата за Анталија
(ФОТО) Вардар есенски шампион
РФМ го опреми „Студио“
Грифин ги покори „џезерите“
Француски клуч за „невозможната мисија“
Папуџиева ја пропушта Франција
Македонски фанови ни за лек во Ниш
ПСЖ мора да го победи Порто
Вон пишува историја на снегот во Лејк Луис
Ставрев на Лил - Валенсија
Игокеа го декласираше Партизан!
„Магичните“ мотивирани против Хауард и Лејкерси
Нишкиот аутсајдер го мерка Белград
Вардар про го испушти Магдебург
Поплавата во Боговиње му ги расипа плановите на Вардар
Приведени навивачи на ФК „Ѓорче Петров“
Сите задоволни од ремито во Минхен
Челзи и понатаму очаен!
Бруклин му се поклони на шампионот
(ФОТО) Најубедлив лет на „штрковите“
Уште една победа за Новески со Мајнц во Бундес лигата
(ФОТО) Металург се измачи за осминафиналето
Монтепаски Сиена влезе во фазата топ-16
Преку Шамбери до осминафинале
МЗТ против Шолнок за премин во позитива
Нови порази за Самарџиски и Илиевски
Промоција на Марковски во Скаволини
Резервистите на Спарси го намачија Мајами
Докузовски и Стојановски со порази
Шамбери ќе плати за Кјељце
Вујовиќ има рецепт за Магдебург
Иванов им посака успех на ракометарките на ЕП во Србија
Заре Марковски на клупата на Скаволини
Бензема во јануари на „Стемфорд бриџ“?
Челзи никако да даде гол
Вилја надмина 300 гола во кариерата
Вашингтон ја прекина црната серија
Црвенкоска нов играч на ЖРК Вардар СЦБТ
Во МЗТ нема место за џинови
Лига на шампиони со 64 клуба во 2015 година?
Џорџ Хил го засени Коби
Гол на Новески за Мајнц во Франкфурт
Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Металург му наплати на Татран
Пандев се враќа за дербито со Интер
Капело ќе се пензионира во 2014 година
Никси владеат во Њујорк
Најтешка титула за Фетел, најдобра сезона за Алонсо
Од Бразил одрекуваат за Гвардиола
Маскотата за СП Бразил 2014 се вика Фулеко
(ВИДЕО) Милан конечно ја доби „Старата дама“
Барса со плус 11 пред Реал, Меси на минус три од Милер
Бајрамоска прв стрелец на „Турчин куп“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Илиевски и Цедевита паднаа во „Пионир“
Болт и Феликс најдобри во 2012 година
Паркер ги предводеше Спарси во Торонто
(ФОТО) Фетел третпат светски шампион во Ф1
Вардар го преживеа Турново
„Штрковите“ го прелетаа и Задар
Металург пак го честеше Кјељце



Vuk, 04.12.2012 12:44:47
Na nasite rakometarki im ja cestitam pobedata (odnapred) nad faforiziranite Francuzinki i im posakuvam uspesno predstavuvanje na tatkovinata (za cel svet da cue) Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - Случајот со Џулијан Асанж е привид
Ликовната уметница Христина Иваноска вели дека дарбата е единствениот простор во кој знае дека е слободна, зашто мислата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |