04.12.2012, 17:38 Љубовта на Бекамови пре��владуваше во збогувањето со Галакси
И покрај тоа што постојано кружат гласини дека Дејвид и Викторија Бекам имаат проблеми во бракот, пред почетокот на последниот натпревар во дресот на Галакси, фудбалската ѕвезда заедно со својата сопруга покажаа дека се лудо вљубени, прегрнувајќи се како да се обичен пар... едноставно заборавија на љубопитните папараци.
Англичанецот во голем стил го заврши својот петгодишен престој во Галакси, неговиот тим го освои финалето во МЛС-лигата.
Фудбалската легенда ги донесе своите три прекрасни сина на теренот пред почетокот на натпреварот како амајлија за среќа.
За време на мечот неговата сопруга и нивните четири деца гордо стоеја во публиката. Викторија ја држеше нивната ќерка Харпер во раце, додека Бруклин (13), Ромео (10) и седумгодишниот Круз го бодреа својот татко додека тој го креваше МЛС-трофејот.
На крајот на фановите им призна дека е тажен што ќе треба да се збогува со тимот од кој е дел веќе шест години.
„Ова е посебен ден за нас, да освоиме победа дома, пред нашите навивачи“, рече емотивниот Бекам, кој повторно навести дека наскоро би бил инволвиран во МЛС како сопственик на клуб. „Ова е тажен ден. Ова е специјално место за мене и ќе продолжи да биде специјално место. Немам идеја каде би одел. Знам дека сум среќен што бев дел од овој клуб цели шест години и бевме успешни во последните четири години. Ќе продолжам со мојот ангажман во оваа лига. Можеби нема повеќе да играм тука, но мојата посветеност на развивање на овој спорт и оваа лига ќе продолжи“.
Откако заврши мечот Бекам беше испратен со овации од преполниот стадион: „Ти благодариме, Дејвид!“.
Која ќе биде новата дестинација на семејството Бекам се' уште не е познато. |