29.11.2012, 13:21 Заре Марковски на клупата на Скаволини
Првиот стратег што ја одведе Македонија на Европско првенство по нецела година повторно и' се враќа на кошарката
Македонскиот стручњак Заре Марковски по нецела година повторно и' се враќа на кошарката. Првиот стратег што ја одведе Македонија на Европско првенство (Франција 1999) го презеде кормилото на италијанскиот прволигаш Скаволини.
Марковски го чека тешка задача во Пезаро, бидејќи треба да обезбеди опстанок на тимот кој во моментов се наоѓа на претпоследното место на табелата во Лега Серија А со скор од две победи и седум порази.
Минатата сезона ја започна во тимот на Виртус Болоња кој играше во Втората италијанска лига, по што пред крајот одлучли да ја прекине соработката.
Ова натпреварување не е непознато за македонскиот стратег претходно ги водеше екипите на Сасари, Реџо Емилијо, Армани Џинс и Аир Авелино. Во својата богата кариера седеше на клупата на Белинцона и Лугано (Швајцарија), Дарушафка (Труција) и Лимож (Франција).
Инаку во неколку наврати Марковски во јавноста често пати беше споменуван како еден од најпосакуваните македонски кандидати за превземање на селекторското место во националниот тим особено во време кога на Македонија и е потребен квалитетен стратег за предизвиците на ЕП во Словениоја до година. (М.К.)
|