Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.12.2012, 11:41
Карпентер: Сонот за голема Албанија се уште е жив



Експертот за одбранбени и надворешно-политички прашања смета дека изјавата на Бериша е за домашна употреба

Сонот за голема Албанија се уште е жив во југоисточна Европа, оценува Тед Гален Карпентер, експерт за одбранбени и надворешно-политички прашања на најпознатиот либертаријански институтот во САД - Кејто. Во интервју за Македонската информативна агенција, Карпентер коментира за неговите ставови за Балканот, но и за контроверзната изјава на албанскиот премиер Сали Бериша.

- Целта за голема Албанија се уште е жива во југоисточна Европа, што е вознемирувачки за сите албански соседи, како и Македонија, и значи дека повремено ќе се соочуваме со тензии. Мислам дека оваа изјава, во која Бериша навел повеќе градови од соседните земји како албанска територија, секако е наменета за домашна употреба. Сигурен сум дека албанската Влада не презема мерки за спроведување на овие цели, но ваквиот начин на отворање на ова прашање е многу штетен, смета Карпентер.

Тед Карпентер е познат по своите, за некого контроверзни ставови, како што е залагањето за повлекување на САД од НАТО и препуштањето на европската безбедност на Европејците, или легализирање на лесните дроги како начин да се сузбие криминалот, а за Балканот, тој е еден од ретките експерти кои работеле на балканските прашања кој се залага за менување на границите.

За Македонската информативна агенција, Карпентер го објаснува овој став. - Јас не мислам дека се потребни значителни територијални промени на Балканот, особено не за Македонија. Сметам дека се потребни, повторно мали територијални промени на северот на Косово, со цел да се затвори тоа прашање со признавањето на Косово. Состојбата е поинаква во Босна и Херцеговина, која како држава не е одржлива во својата моментална форма и каде трајно решение треба да биде распад на државата, и нејзина поделба на три дела меѓу Хрватска, Србија и муслимански дел во средината. Но, не мислам дека треба да се отвори еден хаотичен процес кој би ги зафатил сите држави во регионот, вели Карпентер.

Тој го критикува актуелниот пристап на САД и на европските држави, дека менување на границите е апсолутно неприфатливо, во било кој случај на Балканот.





Статијата е прочитана 2606 пати.


Испрати коментар



АЕК - Најмногу неосновано одбиени приговори од „Близу“
Раскол во ПАСОК
СДСМ - Владата е виновна за ниските странски инвестиции
Ватикан го соопшти „Твитер“ профилот на Папата
(ФОТО) Борците ги одбранија своите простории
Ранет вработен во скопската полиција
Турција упати авиони ловци кон границата со Сирија
Македонски судии и обвинители на обука во Франција
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Македонски државјанин уапсен со 13 килограми марихуна
Албанците ја канат Дел Понте на суд
Четврти неуспешен обид да се ликвидира Драганчо Стојменов
Груевски ги повика иселениците да ја чуваат традицијата
Цените на бензините и дизелот повисоки за половина денар
Зголемување на субјектите кои ја користат задолжницата
ОМД бара министерство за дијаспора
Поедноставени процедурите за вадење документи на иселениците
Честитка од Иванов до новоизбраниот претседател на Словенија
И Маргарита Папандреу на листата на Лагард
Шестмина повредени во превртен минибус
„Форд“ повлече околу 90.000 автомобили од САД и Канада
(ФОТО) Куполите се издигнаа над Собранието
Трети декември - Меѓународeн ден на лицата со инвалидност
Борут Пахор нов претседател на Словенија
Ограбена спортска обложувалница
Бесими ќе се бори со корупцијата во одбраната
Ставрески - За четири години 1,55 милијарди евра инвестиции
Клуч на врата за „Повардарие“?
Жена прегазена од сопственото возило
Бернд Борхарт - нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС
Се укинуваат и намалуваат царини од 2013
Со Фонд за иновации ќе се поддржува бизнис секторот
Промоција на македонски вина во САД
Тетовец изнудил накит вреден 8000 евра
Евроатланската интеграција на Македонија е неопходна за стабилноста на регионот
Ховит - Македонија треба да добие датум за преговори
Словенците избираат претседател
Неколку лица загинаа при уривање на тунел во Јапонија
Талибанците нападнаа база на НАТО
ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
(ФОТО) Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



Kultiviran Balkanec, 01.12.2012 17:33:07
Prioritet na Albanija vo momentot vlez vo EU, a obedinuvanjeto na albancite od Kosovo i Makedonija e odlozheno, a mozhe da se sprechi samo so podiganje na Berlinski Zid.
srebre, 02.12.2012 09:58:50
karpenter kaza se sto znaeme deka korekcija za kosovo mora da ima so srbija,bosna nemoze da opstoi...a koga kosovo ce se razdeli pak nema logoka albancite da ostanat edinstveno vo mk vo tudja drzava...znaci podelba so albancite sepåak a i po moe mislenje e najlogicno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -6°C

Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |