02.12.2012, 16:03 Бесими ќе се бори со корупцијата во одбраната
Министерството за одбрана ќе истражува дали војниците навистина плаќале по 2.000 евра за да бидат упатени во мисија во Авганистан, како што викендов беше објавено во медиумите. Од Министерството денеска информираа дека до Јавното обвинителство ќе поднесат кривична пријава против непознат сторител, за сомневањата за корупција во селекцијата и испраќањето професионални војници во мировна мисија во Авганистан.
„Министерството ги охрабрува сите професионални војници на АРМ доколку им било побарано или им се бара да платат мито да го пријават случајот за да се соберат докази. Воедно целосно им се гарантира дека јавувањето нема да влијае воопшто на нивното работно место“, пишува во соопштението од Министерството за одбрана.
За навреме да бидат регистрирани евентуални криминални и корупциски случаи ќе биде отворен и бесплатен телефон за пријавување на корупција во АРМ и Министерството за одбрана. |