03.12.2012, 18:10 Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Во соопштението пишува дека сите членови на семејството се многу возбудени и среќни поради прекрасната вест
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го очекуваат своето прво дете. Дека Кејт е бремена, потврдено е денес од кралската палата.
"Нивните кралски височества, војводата и војвотката од Кембриџ го очекуваат своето прво дете" - пишувало во соопштението кое е испратено од Бакингемската палата во текот на денов.
Во соопштението пишува дека сите членови на семејството се многу возбудени и среќни поради прекрасната вест. Исто така, наведено е дека бременоста на Кејт е во исклучително рана фаза, па во блиска иднина нема да бидат достапни повеќе информации.
|