04.12.2012, 12:55 Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
„Се плашам за нејзиниот живот и единствено што сакам е да се излечи од зависноста, инаку ќе заврши трагично“, раскажал татко и Мајкл Лохан.
Актерката Линдзи Лохан повторно се врати на старите лоши навики. Имено, пред неколку дека завршила поради тепачката во еден клуб, а сето тоа кулминирало поради алкохолот, поради кој станува агресивна, како што вели нејзиниот татко.
Токму нејзиниот татко им открил на медиумите дека се плаши за нејзиниот живот. Според пишувањето на медиумите, младата актерка, наводно, пие и по два литра алкохол, односно вотка, а покрај сето тоа пие и таблети.
„Линдзи пие, зашто на тој начин сака да ја удави својата тага. Се плашам за нејзиниот живот и единствено што сакам е да се излечи од зависноста, инаку ќе заврши трагично. Ќе дадам се' од себе да и' помогнам“, раскажал татко и' Мајкл Лохан, кој инаку со својата проблематична ќерка е во затегнати односи.
Линдзи моментално издржува условна казна поради кражба на накит и доколку сега ја прогласат виновна за тепачката, ќе мора во затвор.
„Единствено што би било добро за неа е судот да ја испрати на одвикнување“, рекол Мајкл, кој стравува дека неговата ќерка би можела да заврши трагично како Ејми Вајнхаус. Актерката одбива каква било помош и заминување на рехабилитација.
|