05.12.2012, 13:47 Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
„Malfunction“ ќе биде промовирана на 12 декември во клубот „Менада“ во Скопската чаршија
Новата книга со поезија, музика и визуелни дела на авторот Џабир Дерала, под наслов „Malfunction“, ќе биде промовирана на 12 декември во клубот „Менада“ во Скопската чаршија. Гости-автори во овој најнов арт-проект на Дерала се музичкиот уметник Сеад Хаџиќ-Сецко („Мугер фугер“) и ликовниот уметник Мирослав Стојановиќ, кои учествуваат во книгата со свои музички, односно визуелни дела. Објавените креации во „Malfunction“, книгата и ЦД-то, се рефлексии на теми како што се егзистенцијата, човековите права и мирот.
Проектот вклучува книга со 31 поема на англиски јазик на Џабир Дерала, 16 илустрации од Стојановиќ и ЦД-албум со осум нумери, компонирани од Хаџиќ.
На промоцијата на проектот ќе биде изведен краток поетски перформанс на англиски и на македонски јазик, е-изложба на визуелните на Стојановиќ, како и музика од албумот. (Т.И.)
|