14.12.2012, 12:37 Никола Маџиров на поетски фестивал во Израел
На фестивалот учествуваат поети од Израел, Шпанија, САД, Ирак, Турција, Чешка, Србија, а учесник од Албанија е Исмаил Кадаре
Нашиот поет Никола Маџиров учествува на 12. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“, кој се одржува во израелскиот град Хаифа, од 13 до 16 декември. На фестивалот учествуваат поети од Израел, Шпанија, САД, Ирак, Турција, Чешка, Србија, а учесник од Албанија е Исмаил Кадаре. Песните на Маџиров ќе се читаат на македонски и на хебрејски јазик. Освен во антологијата на фестивалот, неговите песни на хебрејски се објавија и во најновиот број на израелското книжевно списание „Дака“ во Тел Авив.
Никола Маџиров во Израел пристигнал по учеството на Меѓународниот поетски фестивал „Кибатек“, кој триесетти пат се одржа во т��рскиот град Измир, со учество на поети од Турција, Азербејџан, Киргистан, Германија, Хрватска, Казахстан и други земји. (Т.И.) |