22 Граѓаните на БиХ и на Албанија најсиромашни во Европа
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.12.2012, 16:02

Граѓаните на БиХ и на Албанија најсиромашни во Европа

Според истражувањето на Агенцијата за статистика на Турција, Босна и Херцеговина и Албанија имаат најмала куповна моќ во Европа.

Во истражувањето е земен бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, мерен според паритетот на куповната моќ.

БДП по глава на жител во БИХ во 2011 година изнесувал 30 отсто од европскиот просек, како и во Албанија, што е најнизок во Европа. Но, во случајот на БиХ е забележан пад на овие индикатори, додека во Албанија раст. Од другите земји на Југоисточна Европа највисоко котира Хрватска, чиј БДП изнесува 61 отсто по глава на жител, а потоа следуваат Црна Гора со 42 отсто и Македонија и Србија со по 35 отсто БДП.

Најголем БДП по глава на жител е забележан во Луксембург, 271 процент од европскиот просек, а потоа следуваат Норвешка (186), Швајцарија (157), Холандија (131), Ирска (129), како и Австрија и Шведска (127).

БДП на Словенија изнесува 84 отсто од европскиот просек, а по нив се Словачка (73), Унгарија (66), Турција (52) и Романија со 49 отсто.

Бруто домашниот производ според паритетот на куповната моќ се смета за еден од најрелевантните индикатори за богатството на граѓаните на одредена држава.

Постојат големи разлики во животниот стандард на граѓаните меѓу земјите членки на Европската унија. Така, стандардот на граѓаните на Луксембург минатата година беше за околу шест пати поголем од оној на Бугарија и на Романија. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Магла

Недела
Грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |