14.12.2012, 19:24 Најмалку 27 загинати, од кои 18 деца во вооружен напад во училиште во САД
Најмалку 27 лица се убиени во нападот во основното училиште „Сенди Хук“ во градот Њутаун, во американската сојузна држава Конектикат. Меѓу нив има и 18 деца, јави дописникот на МИА.
Според локалните медиуи, застрелан бил и напаѓачот, кој дошол вооружен со две парчиња оружје.
Се претпоставува дека напаѓачот е родител на ученик кој бил во конфликт со директорот на училиштето.
Некои од медиумите јавија дека имало уште еден напаѓач, но оваа вест засега е непотврдена.
Нападот се случил околу 9.30 часот според локално време.
Во училиштето, во кое учат деца од градинка до четврто одделение, имало околу 600 ученици
|