12.12.2012, 10:04 Северна Кореја успешно лансираше ракета
Од западниот северенокорејски полигон Сохе успешно беше извршено лансирање ракета Инха-3 која го носи сателитот Кванмјунсон-3, јавија северкорејските медиуми.
Сателитот се наоѓа во западната орбита, се додава во соопштение.
САД, Јужна Кореја и Јапонија ја повикаа Северна Кореја да се откаже од лансирањето за кое сметаат дека се користи во воени цели.
Таков тест на Пјонгјанг во април беше неуспешен. Јапонските власти соопштија дека дел од ракетата паднал западно од Корејскиот Полуостров, а друг дел источно од Филипини.
Бан Ки-мун и Вашингтон го осудија на лансирањето
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска остро го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја и изрази загриженост дека тоа може негативно да се одрази на перспективите за мир и безбедност во регионот.
- Генералниот секретар го осудува лансирањето на ракета, објавено од Корејската народно-демократска република, изјави портпаролот на Бан Ки-мун, Мартин Несирки.
Во соопштението се наведува дека тоа е грубо кршење на резолуцијата 1874 на Советот за безбедност, според која Советот инсистира КНДР да не врши истрелување на ракети, користејќи балистички технологии.
Дипломати од СБ на ОН изјавија дека 15-члениот орган ќе го расправа лансирањето на севернокорејската ракета денеска на редовна седница.
Белата куќа, исто така, го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја оценувајќи го како „крајно провокативен акт“, што е во спротивност на резолуциите на ОН.
- САД остануваат будни пред лицето на севернокорејските провокации и целосно посветени кон безбедноста на нашите сојузници во регионот, изјави портпаролот на Белата куќа Томи Вајтер.
За Москва истрелувањето негативно ќе влијае на ситуацијата во регионот
Новото истрелување ракета од Северна Кореја и покрај мислењето на меѓународната заедница, вклучувајќи ги повиците од страна на Русија, предизвикува длабоко жалење, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
- Тој чекор на Пјонгјанг претставува нарушување на резолуцијата 1974 на Советот за безбедност на ОН, која недвосмислено му забранува на Пјонгјанг да истрелува ракети со користење на балистички технологии, се посочува во соопштението.
- Истрелувањето ракета, кое што ќе го изврши Пјонгјанг, „нема да придонесе за зацврстување на стабилноста и ќе има негативно влијание врз генералната ситуација во Североисточна Азија, наведува во руското МНР.
- Ја повикуваме Северна Кореја да не допушта нови дејствија, што се во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Во исто време сметаме дека и други земји ќе се воздржат од чекори, способни уште повеќе да ја „вжештат“ атмосферата, и да создадат нови препреки пред обновувањето на шестраниот преговарачк�� процес, се додава во соопштението. |