13.12.2012, 14:24 Сантос понуди само 5 милиони евра за Робињо
Италијанскиот гигант Милан ја одби понудата на бразилскиот Сантос за Робињо. Според италијанските медиуми, Сантос бил подготвен да даде само 5 милиони евра за бразилскиот напаѓач, понуда која без размислување ја отфрлиле челниците на тимот од „Сан Сиро“. Претседателот на „росонерите“, Силвио Берлускони, вели дека трансфер-цената на Робињо изнесува 10 милиони евра.
Бразилскиот репрезентативец ја започна професионалната кариера токму во тимот на Сантос, каде што играше во периодот од 2002 до 2005 година, кога беше купен од Реал Мадрид. Во 2008 година тој замина во редовите на Манчестер Сити, а од јануари 2010 година беше даден под наем во Сантос. Од август 2010 година потпиша со Милан, каде што се' уште игра.
|