12.12.2012, 12:49 Арсенал елиминиран од четвртолигаш
Бредфорд го елиминираше англискиот гигант откако со 3:2 славеше на пенали, откако по регуларните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1
Англискиот четвртолигаш Бредфорд приреди сензација елиминирајќи го Арсенал во четвртфиналето на Лига купот. Бредфорд го елиминираше англискиот гигант откако со 3:2 славеше на пенали, откако по регуларните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. За Бредфорд ова е втор најголем успех во клупската историја, по тој во 1911 година кога го освоиле ФА Купот. Во полуфиналето Бредфорд ќе игра против Астон Вила која со 4-1 славеше на гости кај Норвич. Тренерот на „топчиите“ Арсен Венгер не го потценија четвртолигашот и играше речиси со најдобриот состав. Сензацијата беше најавена уште во 16 минута кога гери Томпсон погоди за домаќините. Арсенал од пораз се спаси на две минути пред крајот кога Казорла го проигра Вермален за 1-1. Ако Арсенал се спаси од пораз по 90 минути, фаворитот загуби во пенал-рулетот каде промашија Казорла, Шамак и Вермален. По мечот тренер на Арсенал, Венгер рече дека неговиот тим одиграл најдобро што може.
„Морам да им честитам на Бредфорд. Изгубивме од тим кој фантастично се бранеше во текот на целиот меч. немам што да им замерам на моите играчи, кои дадоа се од себе за да победат. Не ми е срам од поразов“, рече Венгер.
Резултати: Бредфорф - Арсенал 3:2, Норвич - Астон Вила 1:4.
|