Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.12.2012, 17:05

Брисел не ја дели разочараноста

Во Европската комисија веруваат дека во јуни Македонија ќе добие датум и дека заклучокот од самитот вчера и денес ја отвора вратата за тоа

Од нашиот известувач
Слободанка Јовановска


Брисел – Во Брисел не ја делат разочараноста во Македонија и, според оценките овде, евроинтеграцијата на Македонија почнува да се движи и следниот, веројатно јунски самит, нема да биде без датум за преговори.

„Го добивме тоа што го сакавме“, велат извори од Европската комисија, нагласувајќи дека било важно процесот да почне да се движи и дека тоа по овој заклучок ќе се случува.

Според овие извори, ова што е содржано во заклучокот е остварување на најавата „датум за датум“, а покрај тоа еврокомесарот Штефан Филе добил и согласност од земјите членки за временскиот распоред на одлуки, за што е отворен простор со играта со зборови во заклучокот на министрите.

„Нема да биде потребно ниту самит на лидерите за да се донесе одлуката да започнат преговори со Македонија“, велат тие, додавајќи дека извештајот на ЕК за Македонија ќе биде подготвен во март или април, а потоа веројатно на јунскиот самит ќе се решава за датум за преговори.

Разочараноста во Македонија се толкува со преголемите очекувања создадени во јавноста во нашата држава, но во ЕК имаат разбирање за фрустрацијата, дотолку повеќе што и самите оцениле дека ако Македонија не добие охрабрување со преговори, тоа ќе има негативен одраз врз реформите. Според овие извори само Грција и Бугарија биле цврсто против препораката за Македонија, но од бугарски дипломати се навестува дека во јуни и тие ќе се приклонат на поддршката, иако и натаму ги споменуваат условите.

Што е поважно во Брисел многу пофлексибилно го толкуваат условот добрососедство и прогрес околу спорот за името, т.е. не како инсистирање дека мора да има решение, туку дека е доволно да се движи нешто околу спорот за да почнат преговорите, па прогласувањето на победа од функционерите во Грција им изгледа предвремено и нешто за што подоцна ќе треба да си го обелуваат образот.

Во ЕК сметаат дека примерот на Словенија и Хрватска покажал дека билатералните спорови се решаваат полесно низ процесот. „Фигуративно кажано, не добивте полна чаша туку половина“, сметаат во ЕК и за нив е битно дали нашата Влада испорачува тоа што се бара од неа. Овде Франција не се гледа како силен поддржувач на ставовите на Грција , како и Шпанија и Португалија, и се смета дека тоа се земји кои ги води сопствен скептицизам и дека со повеќе аргументи ќе ја поддржат препораката на ЕК.

Вчера на самитот на европските народни партии за ветото за Македонија проговори и бугарскиот лидер Бојко Борисов, кој запрашан дали му се врши притисок да попушти околу Македонија, не одговори директно, туку воопштено.

„Нашата позиција е категорична. Ние секогаш и целосно ја поддржуваме Македонија за влегувањето во ЕУ и во НАТО. Таа ни е најблиска држава и најголем пријател, но најпрво треба да се исполнат критериумите за добрососедството. Сепак, историјата не е нешто што може да се пишува одново и нешто што може да се менува. Постојат историски факти што се признати и прифатени и ние не можеме да допуштиме да ни се краде историјата. Евроинтеграцијата бара толерантност“, порача Борисов.

Вчера на самитот на народните партии присуствуваше и премиерот Никола Груевски, а во Брисел беше и грчкиот лидер Андонис Самарас. Пред лидерите од европските партии премиерот им се заблагодарил на сите земји што ни дадоа поддршка околу препораката нагласувајќи дека на министесркиот состанок имало жолчна дискусија и дека некои од нив го вложиле својот кредибилитет како никогаш досега. Тој изразил и разочарување што Македонија седум години има кандидатски статус и е прва од земјите од регионот што го доби.

„Направивме се' што можевме и заслужуваме преговори, изјави Груевски додавајќи дека во заклучокот има одреден напредок, но дека Македонија заслужувала повеќе. На сите им е јасно дека Македонија е соочена со сериозна неправда веќе подолг период но со неа сериозно се справува“, рече тој по состанокот, додавајќи дека тоа никој не го негира во ЕУ и дека Владата покрај се останува на реформите и отворена за дијалог.


Статијата е прочитана 4348 пати.


Испрати коментар



Коце пак ќе трча за Скопје
Фотогалерија од денешните кавги во Парламентот
Во Албанија помалку пари од емигрантите, ама растат инвестициите
Италијанците не го сакаат Марио Монти за премиер
Во Украина обезглавени судија и неговото семејство
СДСМ - Целта на предлогот за буџетски заштеди е да нема непродуктивни задолжувања
Груевски - Градежништвото и странските инвестиции не' извлекоа од рецесија
Справувањето со климатските промени бара ангажман од сите
(ВИДЕО) Тензична атмосфера во Собранието
Јанкулоска - Безбедносната состојба е непроменета
(ФОТО) Во потрага по утеха и одговори
Втор фестивал на органска храна во Скопје
Бофа на Филипини однесе 1.020 животи
Рибокрадството во Охридското Езеро намалено за 80 проценти
Тесно мнозинство околу новиот Устав во Египет
Бесими во посета на мировниците на АРМ во Авганистан
Хилари Клинтон паднала во бесознание
Нова технолошко-индустриска зона кај Прилеп
ОМД го поздравува признавањето на уставното име од Унгарија
Груевски најави две илјади вработувања во Џумајлија
Бучковски и Бузлевски исклучени од СДСМ
Разоткриен случај на разбојништво во Скопје
Нимиц во јануари во Атина со нов предлог за името
Три сценарија за Македонија и Грција на Германски Mаршалов фонд
Ниту еден азил за баратели од Македонија
Адам Ленс осомничен за масакрот во Конектикат
О’Нил - Заклучоците на ЕУ се реална перспектива за почеток на преговори
Најмалку 27 загинати, од кои 18 деца во вооружен напад во училиште во САД
Граѓаните на БиХ и на Албанија најсиромашни во Европа
Самарас - ЕУ пресуди како Букурешт
Црвен картон за Бузлевски, зелен за Есад Рахиќ
Сме изеле тон и пол отровно пченкарно брашно
Лекарите-штрајкувачи добија плата „според ефикасност“
Макпетрол ќе продолжи со испорака на енергенси кон Топлификација
Германските парламентарци поделени околу Македонија
Укината ослободителната пресуда за Васил Тупурковски
Одложено судењето за „Пајажина“
Непријатна реа откри мртва жена во Тафталиџе
Софија да ги почитува правата на македонското малцинство
Викендов потопло, од понеделник пак снег и студ
Уморот од проширувањето е бумеранг за ЕУ
(ФОТО) Т-Мобиле го донесе iPhone 5 во Македонија
Ким Џонг-ун за „Личност на годината“
Кампањата против пушењето во Франција пред фијаско
Мирослав и Марко Мишковиќ добија 30 дена притвор
Рајс се повлекува, Кери во трка за државен секретар
Петто обвинение за корупција против Санадер
ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите
Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени
Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци
Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



Tonda, 13.12.2012 18:48:01
Neznam dali da plačam ili da se smeam od izjavite na vodečkite političari pardon politikanti na sosednite zemji,deklarativno izleguva deka nemozat da go dočekaat denot koga ke bideme clenki na EU i NATO ama sega prijatelski ne blokiraat.
Ohrid-Holandija : ITAR PEJO, DA BIDE NAS PRESTAVNIK VO IRSKA, 13.12.2012 19:26:02
..Na slednoto prosiruvanje vo Irska , baram ITAR PEJO ,da bide prestavnik na Makedonija , SO STO KE MU SE DADE TEZINA NA NASTANOT,...
pile, 13.12.2012 22:31:17
„Направивме се што можевме и заслужуваме преговори, изјави Груевски додавајќи дека во заклучокот има одреден напредок, но дека Македонија заслужувала повеќе.Na sekoj sportski natprevar za vreme na igrata se slusaat aplauzi za igrata i svirezji od protivnickiot tabor,no na kraj rezultatot e vazjen i plasmanot.Republika Makedonija rakovodena od Vas i Ahmeti ne se plasirase pri ovoj sportski natprevar.Velite deka se ste napravile a sepak e malku a duri i premalku.Togas malku mozjete da napravite i nemate kapacitet uspesno da go odigrate natprevarot.Po vrakanje od Brisel treba da se obratite na Makedonskata javnost i da go priznaete porazot i nesposobnosta za uspesno menagjiranje na procesite vo Drzjavata a so toa i da go vratite mandatot na Pretsedatelot,a vremeto ke Vi pokazje dali ste mozjele ili ne,kako i dali ste heroj ili predavnik. Ima Republika Makedonija sinovi i kerki koi znaat da se nosat so predizvicite na sovremenoto zjiveenje.Republika Makedonija MORA.
nekoj, 14.12.2012 00:24:45
Grujo evropa ne se da im pustes reklami na sitel i na kanal 5i da ti veruvaat kako tuka sto ti veruvaat deka ima pravda i deka e se rozovo , covek ednostavno ne ve biduva za politika od mesecinata se gleda deka ne ve biduva nz sto da kaam drugo ne gi biduva politikata e nauka sto ne e za sekoj !
jovan, 14.12.2012 00:35:45
I za Dekemvri bea optimisti, no se *pojavija* Bugarite. Koj e sega na red da se *pojavi* do Juni? Srbite? Albancite? Sardisani i lazeni sme od site moguci strani. Ni ostanuva i ponatamu da se maltretirame i izdrzime. Ke go docekame i Juni.
пријател, 14.12.2012 06:36:56
Од каде и`е информацијата на Слободанка дека во Брисел „пофлексибилно“го толкувале условот добрососедство и проблемот со името,т.е.дека НЕ МОРАЛО да има решение,туку НЕШТО ДА СЕ ДВИЖИ околу спорот???Што е тоа НЕШТО што треба ДА СЕ ДВИЖИ???Што је баби мило,то јој се и снило!До кога ќе го држите народот во заблуда?Во секоја прилика,на секој Самит,од сите претставници на ЕУ и НАТО е кажано дека УСЛОВ за прием е РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО!Решение не бара само НАТО и ЕУ,туку тоа го бара и Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН и судот во Хаг! Предлогот на Филе беше да се започнат преговорите и во РАНА ФАЗА да се ДОЈДЕ ДО РЕШЕНИЕ за проблемот или ќе се прекинат преговорите.Што добиваме ние?Што е разликата да се започнат и да се прекинат преговорите АКО нема решение во РАНА ФАЗА,или ако ПРВО се најде решение,па се започнат преговорите?И во едниот и во другиот случај решение МОРА да има!
D.M., 14.12.2012 07:13:28
Valdata na DMPN 6 godini gi provocirashe komshiite pa sega se krivi neli ?Ova e chetvrto poluvreme gospodine Grueski so vaka nadvorashna politika ke odim samo vo izolacija.
Buntovnik, 14.12.2012 08:06:04
No nie, makedonci, ne sme razocarani. Premierot doduse ne ne razocara, vo protiv toj go opravda naseto nepoverenie.
Nekoj, ne so mala bukva, 14.12.2012 08:20:56
Izgleda site navalile na Grujo, kako toj da go izmisli sporot.Ne go branam, ama se preteruva. Od koga toa da se izjasnis kako Makedonec e nacionalizam i sovinizam? Zarem ne vi e sram i beda koga ve narekuvaat firomjani i sto ja znam kakvi, jas licno pred grci kazuvam deka sum od Makedonija i deka sum Makedonec, do sega nikoj ne mi protivrecil nesto, zatoa sto ako znaat tie da se ligavat i vikaat, znam i jas.Od toa nas ke ne motkaat i vo eu i nasekade, ne od grcite.Samite si dozvoluvame da ne vikaat i motkaat kako sto sakaat, oti kaj nas da se kazes Makedonec, stana luksuz i nacionalizam i toa najbolno od svoite.
Miki, 14.12.2012 08:59:56
Samo vie smejte mu se na Grujo, si ja brka toj rabotata! Ucitelkata otade Okeanot mu dade zadacka i toj si ja naucil naizust! A sto znaci toa - pa ke si ,,videjte,, sami, nema dolgo da cekate(nema da vi se bendisa ali ko vas pita)!
trajkovski, 14.12.2012 09:05:40
Пиле, цел зивот ке си останес со тој прекар.Те читам и не можам да поверувам.Кажи ми што е тоа сто може да се направи повеке, кога заклучоците четири години по ред се дека ги ИСПОЛНУВАМЕ условите за членство.Ајде да те видам биди маж или посочими еден маж кој ќе излезе и ќе рече ЕВЕ ЈАС ЌЕ ГО СМЕНАМ ИМЕТО ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ. (Освен Заев со онаа несреќна изјава дека треба да ја наведнеме кичмата). Во таква Европа каде што ќе бидам безимен јас не сакам да живеам.
Simus, 14.12.2012 10:03:01
Не знам дали ова Европјаниве се стварно толку мутави или само се прават. Толку ли не им е јасно дека Грујо со дигањето тензија сака да добие преговори, а да не го реши проблемот со името. Принципот решето го името (во овој случај подобрување на меѓусоседските односи - што во суштина е исто) и добивате датум веќе беше пробан од Нато и не доведе до никаков резултат (иако од Букурешт поминаа четири години, сосема доволно време да се направи нешто ако се сака). Тешко Македонија да мрдне во насока на ЕУ и Нато ако некој не дојде и суштински не ги притисне нашиве, вака ако чекаме они да направат добро за Македонија, а контра својот рејтинг ... тешко да ќе го биде.
od mene, 14.12.2012 10:03:59
Golem napredok! Prv pat se chuvstvuva malo povlekuvanje od tvrdiot stav okolu menuvanjeto na imeto, kako uslov za datum za pregovori. Ako nekoj ja razbira diplomatijata kje ja svati porakata. Ne e diplomatski i kje bide neozbilno za edna ozbilna asocijacija kako shto e EU, naglo zavrtuvanje na stavot za 180 stepeni. So ova se nasetuva deka, napravenata greshka i nepravda kon Makedonija, na nekoj nachin se priznava kako takva. Neka ni e so srekja, ponatamu!
eu, 14.12.2012 10:37:12
grujo samo glumi razocaranost i site za nos ve vodi 100 pati mu e kazana sporot so ime da se resi,pravilo i zakon e vo eu i nato da ima koncenzus,nemoze i da provociras da gradis spomenici na grcki junaci,da provociras bugari(nesto sto srbite ne dresiraa da go pravime)i da baras eu,samo kloca na toj nacin..no toa im i odgovara na vlada da mozat sto povece da se mrsat,koga nesi clen na eu nema kontrola na budzet....
Gargamel do NEKOJ,Trajkovski i slicni, 14.12.2012 11:10:41
Gospoda,premnogu gledate Sitel i Knal 5,ne samo turski serii,ocigledno i reklami,*patriotski*.Jas utrinava,na -9 stepeni gledav edna povozrasna makedonka kako si go zarabotuva *lebot* brkajki vo kontejnerite,a nemav vo gjepot 20 denari da i dadam,mi bese zal.Decata mi pobegnaa vo stranstvo po korka leb,kade seuste se makedonci,so makedonski jazik i identitet i integritet.Jas i vo Zjas velam deka sum makedonec i komsijata mi veli *tvoj problem*.Sporot ne e vo imeto,sporot e vo provokacijata na sosedite od strana na *patriotite* so Ace,so Pasko,so kompleksot na pomala vrednost,so vrakanje na istorijskite vistini i lagji od taze doktoriranite istoricari.Stravot od vlez vo Evropa i sledenje na kapitalot i pozajmenite i ograbeni pari e osnovata na denesnata *dobrososedska politika*.I Nikola i Ali ja igraat istata igra.Orli po Makedonija,iminja na balisti,gazenje na Ambarce,brkanje na borcite e potvdata na zalozbata na VMR-ovcite za identitetot,za opstanokot na Makedonija,nezavisno od imeto?
od ostrijot, 14.12.2012 13:11:47
razocarani luge izledat sosema drugo a kolku se vidi naslikata premijerot izgleda prezadovolen pa moze duri dase kaze i sreken .
mitre, 14.12.2012 14:15:21
Е драги мои ВМРО-вчички....... уште ли не ви е јасно дека како Антички Македонци ЊАМА вв Европа????????? Вртите сега околу Алекс Големиот и вршете го житото, за друго и не ве бидува...............
kire, 14.12.2012 14:36:50
Ke dobie Makedonija datum, ne vo juni slednata godina, tuku utre od sabajle. Istata pesna sto pati, aman veke politicari dosadni ste so ova...
Plovdiv, 14.12.2012 14:51:40
Nema tuka mnogu filozofija smete drzavno ime i ne provocirajte kako vo poslednive 6-7 god i eve ti ON, NATO, EU i razno drugi organizacii a Imeto lesno se reshava bez nikoj da zema odgovornost. REFERENDUM.
skopje, 14.12.2012 19:53:51
plovdiv ne mnogu filozofiraj!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Магла

Недела
Грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник��� специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |