12.12.2012, 14:26 Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Папата Бенедикт Шеснаесети денеска ја објави првата порака на социјалната мрежа „Твитер“.
- Драги пријатели, ми претставува големо задоволство што се поврзуваме преку „Твитер“. Ви благодарам за дарежливиот одговор. Ве благословувам сите од се` срце, напиша папата во својата прва порака на микро-блогот.
Исти така, беше објавена и фотографија на кој е прикажана Папата како користи Ајпад за поврзување на „Твитер“.
Претходно Ватикан објави дека официјалниот „Твитер“ профил на папата Бенедикт Шеснаесетти е @pontifex. |