12.12.2012, 13:16 Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
Една жена несвесно се сликала на украдениот „ајфон“, кој потоа сликата ја испратил на вистинскиот сопственик на апаратот. Со симнатата апликација сопственикот бил во можност да ја слика жената додека таа се обидувала да го отклучи мобилниот телефон од 319 фунти, како и да се утврди локацијата на телефонот откако бил украден од ноќниот клуб „Коалишн“ во Брајтон, источен Сасекс, во почетокот на овој месец.
Сопственикот „вооружен“ со информацијата и фотографијата што му биле испратени преку електронска порака, ја повикал полицијата од Сасекс. Темнокосата жена седела во автомобил додека се обидувала да го отклучи белиот „ајфон4“. Полицијата соопшти дека не знаат дали фотографираната жена е одговорна за кражбата, но упатија повик до неа или некој што ќе ја препознае да стапи во контакт со нив. |