14.12.2012, 10:38 Мирослав и Марко Мишковиќ добија 30 дена притвор
Обвинителството во Белград им одреди 30-дневен притвор на сопственикот на „Делта холдингот” Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко, и како и Миле Ѓурашковиќ и на уште четворица нивни соработници, додека тројца се пуштени да се бранат од слобода.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба, извлекување пари и имот од приватизирани компании за патишта, со што Мишковиќ и Ѓурашковиќ се здобиле со повеќе од 30 милиони евра.
Осомничените беа уапсени во средата, а во изјавите пред истражниот судија сите се изјасниле за невини. |