Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
14.12.2012, 13:31

Никси ја продолжија мизеријата на Лејкерси

Кармело Ентони во првата четвртина постигна 22 коша од вкупно 30, доволни за триумф над „езерџиите“ од 117:106

Ништо ново кога се во прашање екипите на Њујорк Никс и Лос Анџелес Лејкерс. Едните и натаму импресионираат со својата форма, а другите и натаму се прашуваат како да излезат од очајната форма сезонава. Двата тима во својот меѓусебен двобој влегоа во обид да прекинат и продолжат серија. Никси супериорни на домашен терен во досегашниот дел од шампионатот, деветти пат славеа во својот „Медисон сквер гарден“, додека пак Лејкерси го забележаа, малку неверојатно, четвртиот последователен пораз.

Конечните 117:106 се одраз на одличната игра на Кармело Ентони, во првата четвртина од мечот постигна фантастични 22 поени од вкупните 30. Најголемата звезда на Никси во стартните 12 минути погоди осум од девет обиди од поле, што беше доволно за предност од 41:27. Со тоа само се потврди констатацијата дека одбраната е голем проблем за новиот тренер на Лејкерси, Мајк Дантони. Само повредата на зглобот на Ентони во третата четвртина го спречи суперстарот да стигне до уште поголема бројка на поени, од овие 30, кои и вака беа доволни за победа.

Според американските медиуми, Ентони е првиот играч кој постигнал 30 поени за помалку од 22 минути, а последен на кого тоа му успеа е Дејвид. Одлична партија на овој меч прикажа Рајмонд Фелтон, постигнувајќи 19 поени и осум асистенции, а по еден помалку додадоа Тајсон Чендлер и Џеј Ар Смит. Кај Лејкерси како и обично Коби Брајант најдобар со 31 поен, десет скока и шест асистенции.

Во моментов Њујорк е најдобриот тим на Истокот во моментов со скор од 19 победи и четири порази, а откако е Вудсон тренер Никси имаат само еден пораз во 21 меч на домашен терен. Од друга страна, Дантони не може да се пофали со светли моменти во кариерата во моментов, по неговото доаѓање „езерџиите“ имаа скор од четири победи и девет порази. Со скор 9/14 во моментов Лејкерси не се на позиција која води во плејофот.

До десеттата победа сезонава тимот на Портланд дојде на доста убав начин.Со 98:90 е совладан лидерот на југозападната конференција и вториот во збирниот пласман на западот, тимот на Сан Антонио. Предводник на тимот на Портланд во овој триумф беше сезонава одличниот дебитант Демиан Лилард, кој постигна 29 поени и седум скока. Лилард во текот на целиот меч водеше доста интересна битка со ветеранот Тони Паркер, кој на крајот мораше да го признае поразот. Французинот постигна 21 поен.

„Можеме оваа ситуација да ја окарактеризираме како замор или, пак, едноставно да кажеме дека не можевме да пронајдеме ритам во играта. Секако, за триумфот се заслужни и самите Блејзерси, кои ги погодија потребниот број на удари и ја одржуваа предноста“, изјави ветеранот Тим Данкан, кој мечот го заврши со 16 поени.

Атланта ја продолжи победничката серија, без проблем го доби Шарлот со 113:90.


Статијата е прочитана 293 пати.


Испрати коментар



Блажевски 31. на СП на 200 м пеперутка
Повторно преку Шпанките до мундијалот
Најмен победник на спустот во Вал Гардена
Клосе му пресуди на Интер
Видиќ се врати, Јунајтед уверлив
Норвешка - Црна Гора во финалето на ЕП за ракометарки
(ФОТО) Тесна победа на МЗТ против Крка
Баерн со реми ја потврди есенската титула
Македонија убедливо поразена од Полска
Блажевски и Петровски 39. на СП
Мекејлеб го однесе Фенербахче во топ 16
Гут најбрза во спустот во Вал Дизер
Полуфинале Србија - Црна Гора!
Сантос понуди само 5 милиони евра за Робињо
Јакимовски од Јавор во Нагоја
Литванија доаѓа за 20-годишнината од репрезентацијата
Челзи во финалето на клупското Светско првенство
Порази на Мајами, Сан Антонио и Мемфис
Венгер никој не го менува
Лазаров му пресуди на Адемар Леон
Петровски 66. во светот на 100 м градно
Ѓоковиќ и Серена „светски шампиони“
Никси им вратија на Нетси
Арсенал елиминиран од четвртолигаш
Домаќинот на прагот на полуфиналето

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Магла

Недела
Грмотевици
Макс: 4°C, Мин: 1°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (28)
Јованка е загрижена: "Ќе ме растргат по смртта на Тито"! .„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Отворен конкурсот за „Роман на годината“ за 2012
„Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |