12.12.2012, 13:20 Никси им вратија на Нетси
Второто градско дерби му припадна на Њујорк, кој, предводен од Кармело Ентони, славеше со 100:97
Ривалството помеѓу Њујорк и Бруклин, дефинитивно, оваа сезона во НБА-лигата е едно од најголемото дерби кое на сите фанови на кошарката им нуди загарантирана забава со многу возбудувања,
Вториот дуел во „Големото јаболко“ им припадна на Никси, по единствениот пресврт успеаја да го сочуваат водството и на крајот да слават со 100:97.
Нетси долго време ќе жалат што по вторпат не успеа да го добие големиот ривал особено ако се земе предвид дека на 4:49 минути до крајот на првото полувреме имаа водство од 16 поени.
Токму по оваа негатива Њујорк со фуризона серија од 18-6 дојде до минус четири поени 49:53, а во продолжение Кармело Ентони заедно со Џеjсон Кид го завршија преостанатиот дел.
„Станува збор за големо ривалство. По првиот меч, ��ие го прифативме ова. Тие се во нашата дивизија, ќе се сретнеме најмалку четири пати во годината. Одлично е што Њујорк како град го има ова ривалство, мечевите во Бруклин и Менхетан секогаш ќе бидат интересни“, изјави по мечот Ентони, кој постигна 45 поени со 15/24 од поле, пет скока и три асистенции. Кид застана на 18 поени, шест скока и исто толку асистенции.
На другата страна Ендрју Блеч со 23 поени беше најефикасен, Вилјамс постигна 18 поени и десет асистенции, а додека Волас додаде 17 поени.
На Лејкерси дефинитивно не им оди оваа сезона. Новите проблеми на Коби Брајант и неговите соиграчи ги продлабочи Кливленд, предводен од повртаникот Кајри Ирвинг кој поради повреда паузираше 11 средби, на крајот славеше со 100:94. Ирвинг постигна 28 поени и 11 скока и со својот ефект во сенка ги стави 42 поени на Брајант.
Продолжението од сезоната за Лејкерси станува се' потежок, со сегашниот скор од 9-13 е на две победи оддалечен од осмото место кое води во плеј-офот.
„Мора да престанеме да обвинуваме некого. Не смее да дозволиме овие порази да ни ја „убијат“ нашата желба и покрај тоа што во моментов ваквите резултати ни паѓаат доста тешко. Сакаме да победуваме, веќе ни е лошо од поразите. Сите се надеваме дека оваа ситуацијата нема да трае уште долго“, изјави по мечот Двајт Хауард, кој постигна 19 поени и додаде високи 20 скока.
Резултати: Бруклин - Њујорк 97:100, Кливленд - Лос Анџелес Лејкерс 100:94, Детроит - Далас 94:101, Њу Орлеанс - Вашингтон 70:77, Чикаго - Клиперс 89:94.
|