16.12.2012, 16:15 Блажевски 31. на СП на 200 м пеперутка
Македонскиот пливач Марко Блажевски го освои 31. место во конкуренција на 42 натпреварувачи на 200 м пеперутка во последниот ден од 11. Светско првенство во 25-метарски базени во Истанбул. Патеката во монтажниот базен поставен во спортската сала „Синан Ердем“ тој ја исплива за 2:01,96 минути, подобрувајќи го личниот рекорд за една секунда и четири стотинки.
Анастасија Богдановски на 200 м слободно заврши на 52. место меѓу 76 пливачки со време 2:06,18 мин., подобро за три секунди и 22 стотинки од пријавеното.
На мундијалот настапи и Дамјан Петровски, а тројцата македонски претставници се враќаат со четири апсолутни државни рекорди. (Р.Д.) |