Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.12.2012, 15:01

Мешаница во трката за „Оскар“

Најмногу награди на американските критичарски здруженија освои филмот на Кетрин Бигелоу „Нула темнина триесет“

Сунчица Уневска

Оскаровската трка оваа година, кога наградите ќе се доделат 85. пат, се очекува со големо нетрпение бидејќи листата на фаворити стана поголема од вообичаено и донесе една сосем необична ситуација. На оваа листа се најдоа барем седум или осум филма што имаат големи можности да ги добијат номинациите во сите главни категории. Тоа го потврдија и номинациите за „Златен глобус“, но и фаворитите на американските критичарски здруженија, врз основа на кои во првата борбена линија се најдоа: „Нула темнина триесет“ на Кетрин Бигелоу, „Учителот“ на Пол Томас Андерсон, „Љубов“ на Михаил Ханеке, „Линколн“ на Стивен Спилберг, „Во добро и во зло“ (Silver Linings Playbook) на Дејвид О. Расел, „Клетници“ на Том Хупер, „Арго“ на Бен Афлек и „Животот на Пи“ на Анг Ли, а тука е и дебито на Бен Зеитлин „Ѕверови од Јужната дивина“.

Имено, самото избивање на прво место на историската драма на Стивен Спилберг „Линколн“, која поведе во трката за „Златен глобус“ со седум номинации, беше големо изненадување. Оваа награда, која ја доделуваат странските новинари во Холивуд, му ја даде предноста на „Линколн“, филмот кој, од друга страна, не ги доби гласовите на американските критичарски здруженија. Најстарото од нив, Националното здружение на филмски критичари за најдобар филм го прогласи „Нула темнина триесет“ на Бигелоу, а истото се случи и со Њујоршкото здружение, со Бостонското, како и со здружението во Вашингтон. Додека Здружението на критичари од Лос Анџелес за најдобар филм го избра „Учителот“ на Андерсон, давајќи му дури четири награди. „Линколн“ главно ги доби гласовите за улогите на Дениел Деј Луис и Сели Филд, а две здруженија му доделија и награда за сценарио.

Во трката за „Златен глобус“ овој филм поведе добивајќи и три номинации за улоги, за главната на Дениел Деј Луис и двете споредни на Сели Филд и Томи Ли Џонс. Додека номинациите во главните категории: за филм, за режија и за сценарио, ги добија сите очекувани осум филма, заедно со годинешното изненадување „Побегнатиот Џанго“ на Квентин Тарантино. Самото тоа ја прави трката многу интересна, затоа што оваа година и оние кои имаат по пет номинации, како „Арго“ и „Побегнатиот Џанго“, и оние со четири номинации, меѓу кои се „Нула темнина триесет“, „Во добро и во зло“ и „Клетници“, па дури и со три, каде што се „Животот на Пи“ и „Учителот“, се на некој начин изедначени.

Необично годинава е и што самите критичарски здруженија имаа доста различен избор. Единствен филм кој секаде доби награда, е францускиот „Љубов“ во режија на Михаил Ханеке. Но, не само во категоријата на странски филм, туку често и како најдобар филм, па многумина очекуваат дека е можно тој да влезе и во главната оскаровска трка. Што се однесува до другите, филмот на Кетрин Бигелоу доби голема поддршка од критичарите. Ова остварување, кое го следи десетгодишниот лов по најголемиот терорист Осама бин Ладен, доби по три награди на споменатите здруженија, и тоа за најдобар филм, режија и за улогата на Џесика Честеин, како млад офицер на ЦИА. Но, веднаш до него, на врвот на листата се наоѓа и филмот „Учителот“.

Ова остварување годинава се сметаше и за морален победник на „Венецискиот филмски фестивал“, каде што ја доби наградата за режијата на Пол Томас Андерсон, но и за улогите на Жоакин Феникс и на Филип Сејмур Хофман. „Учителот“ беше прогласен и за најдобар филм за 2012 година според изборот на сто филмски критичари, а во Америка здружението на Лос Анџелес го прогласи за свој фаворит доделувајќи му ги наградите за најдобра режија, за улогите на Жоакин Феникс и Еми Адамс, како и за продукциски дизајн.

Кога зборуваме за изборот на критичарите, кој исто така се смета за голем показател за оскаровските фаворити како и „Златниот глобус“, да кажеме дека на овие листи филмот „Арго“ на Бен Афлек, кој се осврнува на вистински настани околу заложничката криза во Иран во 1980-тите години, главно ја добиваше наградата за сценарио. Кај „Златните глобуси“, пак, тој доби дури пет номинации. На листите на критичарите избија уште два интересни филма.

Првиот е „Во добро и во зло“, беше исто наградуван за сценарио, но и за улогата на прекрасната млада актерка, Џенифер Лоренс. Овој филм очекувано доби четири номинации за „Златен глобус“. Но, не беше таква ситуацијата и со „Ѕверови од Јужната дивина“, инаку лански победник на познатиот независен фестивал „Санденс“, кој доби многу награди на критичарите како најдобро деби на Бен Зеитлин, во кој исто така најдобра дебитантска улога дава 9-годишната Кувензејн Волис, на која сите и' предвидуваат „Оскар“. Но, овој филм не влезе во трката за „Златен глобус“.

Сепак, она што е интересно е фактот дека годинава номинациите за „Оскар“ се поместени дури две недели понапред, па тие ќе бидат објавени пред доделувањето на наградите „Златен глобус“. На тој начин некако и се намалува влијанието на овие награди, за кои се сметаше дека се најдобар показател за претстојните „Оскари“. Овој пат, номинациите ќе ги дознаеме уште на 10 јануари, со што добитниците на „Златни глобуси“, кои ќе бидат доделени на 13 јануари, ќе изгубат доста во поглед на интересот што владееше за нив. Оваа година поразлично е и тоа што најатрактивните филмски наслови доаѓаат од големите студија, а не од независните продукции, што беше случај последните години. Сите тие нешта, како и силните филмски остварувања годинава ја прават трката уште понеизвесна и поинтересна, а за нас дополнително и поради нашиот кандидат во трката за номинации за странски филм, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.


Статијата е прочитана 528 пати.


Испрати коментар



„Зачинетите девојки“ се враќаат без Бекамка
Никола Маџиров потпиша договор со угледна британска куќа
Крајот на светот во Сталиновиот бункер за 16.000 долари
И пресадиле бели дробови на пушач, починала од рак
Музеите се' уште без електронска документација
Потврдено учеството на Македонија на „Евросонг“
Жерар Депардје заминува за Белгија
Спектаклот „Животот на Пи“ во „Синеплекс“
Високото образование, лустрацијата и парното наскоро на Уставен
„Полицајка в кревет“ - прв роман од Веле Смилевски
Неприфатливо високи надоместоци на ММИ
Томислав Османли добитник на наградата „Урбан“
Изложба на Иванка Ниневска-Јакимовска
Објавени номинациите за Златен глобус
„Минхаузен 3“ нова премиера на Штипскиот театар
Каролина останува во врска со „Оне“ и во новата година
„Метузалем“ - промоција на првиот албум на „Здив“
Хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ награден на натпревар во Краков
Никола Маџиров на поетски фестивал во Израел
Премиера на мјузиклот „Македонска крвава свадба“
Видни гости на проекцијата на „Трето полувреме“ во Л.А.
„Малфанкшн“ - уметнички проект на тројца пријатели
„Зад аголот“ - нов роман на Томислав Османли
Славење на хорската уметност во МОБ
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Почина руската оперска дива Галина Вишњевска
Групата „Кабадајас“ го промовираше својот првенец - албумот „Четири“
Современи постери инспирирани од секојдневието
(ВИДЕО) Почина Рави Шанкар, познатиот ситарист и учител
Врачена наградата на Киро Урдин од филмскиот фестивал во Јаан
Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
Концертна промоција на Наум Петрески и „Синтезис“
Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Калиопи повторно на „Евросонг“?
(ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово
Светската премиера на „Хобит“ и во Скопје
Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Наградата „Балканика“ ја доби Недим Ѓурсел од Турција
Австралиските водители се каат за несолената шега
Возбудлив крај на мултикултурниот и разнобоен „Таксират 14“
Мозаици на Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“
„Беј д’фиш“ го најавуваат новиот албум за крајот на светот
Македонските револуционери во џебна енциклопедија
Отворање на 13. Меѓународно биенале „Фотомедиа 2012“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Португалија, Полска, Грција и Словачка и кажаа збогум на Евровизија
Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Номинација за „Греми“ за македонскиот филмски оркестар „Ф.А.М.Е.С“
Наталија Бондарчук сака да снима филм во Битола
Изложба на книги на современи српски писатели во НУБ
„Саем на жена“ - дестинација за современите жени
„Антитело“ - нов албум на „Фолтин“
(ВИДЕО) Почина легендарниот џез пијанист Дејвид Брубек
Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
Почина најстарата жена на светот
Шоу на вечерашниот концерт на Филхармонија
Велибор Педевски како „Хардеџ“ со низа настапи во Њујорк
Акварели на Петар Ѓорѓиев-Пљум во „Галерија 8“
(ФОТО) Телото како платно
iPhone 5 во Македонија од 14. декември
Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
Циклус филмови на Андреј Тарковски
Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Почина српската актерка Злата Петковиќ
Анимираниот филм „Татко“ доби „Златна тула“
Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
(ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Музичка експлозија со полнолетните „Суперхикс“
(ФОТО) Влатко Илиевски со нов албум, концерт и автомобил за новогодишно расположение
„Љубов“ освои четири „европски оскари“
(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)
Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Живот како во камено време среде Аеродром
Жителите од зграда на улицата „Владимир Комаров“ откако го откажале парното греење, секој ден се без струја од 6 до 12 ч...
Убиецот од Конектикат имал луда мајка
Ненси Ланца, мајка на 20 годишниот Адам го подготвувала синот за крајот на светот...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |