Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
12.12.2012, 11:59
(ВИДЕО) Почина Рави Шанкар, познатиот ситарист и учител



Рави Шанкар имаше мисија да ја интегрира индиската музика во западниот свет

Еден од најпознатите изведувачи на ситар, музичарот кој ја популаризираше индиската класична музика на Запад, Рави Шанкар, почина денеска на 92 години. Достигнувањата на најпопуларниот индиски музичар и учител имаа интернационално влијание, тој беше познат како човекот кој својот живот го посвети на просветлување помеѓу сите народи на светот. Џорџ Харисон од „Битлси“ го нарече „кум на светската музика“, додека индискиот премиер го опиша како „национално богатство и златен амбасадор на индис��ото културно наследство“.

Рави Шанкар активно концертираше до своите осумдесетти години, настапуваше и со популарни музичари, на светски фестивали како што беше „Вудсток“. Животот го водеше на крстопат, помеѓу Индија и Америка, а последните години ги помина во Калифорнија со својата сопруга.

Рави Шанкар е роден во 1920 година како најмлад од четворицата браќа. Неговиот најстар брат, легендарниот танчар Удај Шанкар, веќе бил во Европа танцувајќи во трупата на Ана Павлова, пред да основа сопствена танцувачка школа во Индија. Во 1930 година, Рави со својата мајка и браќата заминуваат во Париз за да и' се придружат на трупата и така почнува неговиот јавен живот. Трупата во Франција, а потоа и во Северна Америка и, воопшто, во цела Европа, ќе биде доживувана како егзотичен феномен. Талентот ��а Рави Шанкар ќе го препознае виртуозот Устад Алаудин Кан, кој ќе и' се придружи на трупата и кој се смета за основач на модерната класична хинду-музика. Така Шанкар, враќајќи се во Индија, скоро седум години учел да свири на ситар кај Баба Алаудин Кан на основа на древниот метод гуру-шишја, кој барал дисциплинирано учење во изолирана средина. Со текот на времето, Рави Шанкар ќе стекне голема репутација како изведувач. Првиот концерт ќе го реализира на радиото Али-Индија, а особено биле ценети неговите инвентивни „џугалбанди“ дуети што ги изведувал со младиот Али Акбар Кан, синот на Баба.

Но, Шанкар се' повеќе ќе тежнее да го освои Западот. Иако за време на неговиот живот во Бомбај ќе се прослави и како мошне талентиран композитор, создавајќи голем број оркестарски дела и балети, ќе замине во Париз, затоа што, како што ќе каже во една прилика, не можел да се помири со фактот дека западните музичари не ја познаваат индиската музика. Можеби пресуден момент за неговиот брз пробив на Запад ќе биде неговиот настап со прочуениот виолинист Јехуди Мењухин во 1952 година во Делхи, кој за Рави Шанкар ќе каже дека е еден од најдобрите тројца музичари што ги запознал во животот. Така почнува соло-кариерата на Шанкар, како и неговите турнеи низ светот, а и издавањето албуми.

Популаризацијата на Запад, сепак, најмногу ќе ја стекне кога ќе почне да соработува со Џорџ Харисон од славните „Битлси“. Харисон ќе се заинтересира да го изучува индискиот инструмент, па така од 1966 година Рави Шанкар ќе почне да соработува и да влијае на музичари од различни музички сфери, како што е џезот, западната класична музика и фолкот. Едно време ќе биде посветен на истражување на сличноста помеѓу индиската музика и џезот, особено интересирајќи се за Џон Колтрејн. Рави Шанкар ќе стане идол на многу млади, особено на хипиците од „Монтереј“ и „Вудсток“. Неговата книга „Моја музика, мој живот“, исто така, ќе биде дел од промоцијата на индиската музика во западниот свет.

Од една страна, Рави Шанкар ќе биде виртуозен интерпретатор на ситар, а од друга, пак, ќе се прослави како инвентивен композитор (претежно на музика за филмови), кој постојано ќе ги поместува границите. За своите заслуги ќе го добие најголемото индиско одликување „Барат Ратна“, а ќе освои и три „Греми“. Често настапуваше со својата ќерка Анушка, која, исто така, свири на ситар, но и со ќерката Нора Џонс, познатата џез-пејачка, добитничка на „Греми“. (Т.И.)

Статијата е прочитана 848 пати.


Испрати коментар



Видни гости на проекцијата на „Трето полувреме“ во Л.А.
„Малфанкшн“ - уметнички проект на тројца пријатели
„Зад аголот“ - нов роман на Томислав Османли
Славење на хорската уметност во МОБ
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Почина руската оперска дива Галина Вишњевска
Групата „Кабадајас“ го промовираше својот првенец - албумот „Четири“
Современи постери инспирирани од секојдневието
Врачена наградата на Киро Урдин од филмскиот фестивал во Јаан
Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
Концертна промоција на Наум Петрески и „Синтезис“
Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Калиопи повторно на „Евросонг“?
(ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово
Светската премиера на „Хобит“ и во Скопје
Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Наградата „Балканика“ ја доби Недим Ѓурсел од Турција
Австралиските водители се каат за несолената шега
Возбудлив крај на мултикултурниот и разнобоен „Таксират 14“
Мозаици на Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“
„Беј д’фиш“ го најавуваат новиот албум за крајот на светот
Македонските револуционери во џебна енциклопедија
Отворање на 13. Меѓународно биенале „Фотомедиа 2012“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Португалија, Полска, Грција и Словачка и кажаа збогум на Евровизија
Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Номинација за „Греми“ за македонскиот филмски оркестар „Ф.А.М.Е.С“
Наталија Бондарчук сака да снима филм во Битола
Изложба на книги на современи српски писатели во НУБ
„Саем на жена“ - дестинација за современите жени
„Антитело“ - нов албум на „Фолтин“
(ВИДЕО) Почина легендарниот џез пијанист Дејвид Брубек
Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
Почина најстарата жена на светот
Шоу на вечерашниот концерт на Филхармонија
Велибор Педевски како „Хардеџ“ со низа настапи во Њујорк
Акварели на Петар Ѓорѓиев-Пљум во „Галерија 8“
(ФОТО) Телото како платно
iPhone 5 во Македонија од 14. декември
Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
Циклус филмови на Андреј Тарковски
Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Почина српската актерка Злата Петковиќ
Анимираниот филм „Татко“ доби „Златна тула“
Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
(ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Музичка експлозија со полнолетните „Суперхикс“
(ФОТО) Влатко Илиевски со нов а��бум, концерт и автомобил за новогодишно расположение
„Љубов“ освои четири „европски оскари“
(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -15°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: -5°C, Мин: -11°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 0°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (26)
Победата на Јованка во големиот судир со Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |