11.12.2012, 13:40 Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Познатиот актер патувал 322 километри за да го гледа градското дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед. На натпреварот го повел и постариот колега, Роберт Дувал (81)
„Добив порака од Дејвид Бекам во која пишуваше дека не смеам да го пропуштам натпреварот. Полуде од љубомора кога му се јавив од стадионот. Не можеше да дојде зашто е во Лос Анџелес“, рекол Том Круз.
Актерот, паузата од снимањето на филмот „All You Need Is Kill“ ја искористил за навивање. Изнајмил хеликоптер за навреме да стигне од Хертфордшајар во Манчестер. Круз на натпреварот го земал и колегата Роберт Дувал. Со навивачите расправале за исходот на дербите и се фотографирале.
„Што ако биде нере��ено? Ќе има ли продолжетоци?“, прашувал збунетиот Дувал. Том на шега додал дека Роберт со текот на годините изгледа ги заборавил правилата на играта. Откако поради улогата во новиот трилер привремено се преселил во Англија, Круз често излегува. Јаде во скапи ресторани и се забавува во најдобри клубови.
„Треба да се земе се' што ти нуди животот, додека не биде предоцна“, заклучил Том.
|