28.11.2012, 12:25 Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Снимањето на филмот „Во движење“ почна во Холандија, па продолжи преку Австрија во Словачка, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и заврши во Македонија
За корисниците на Макс ТВ почна прикажувањето на патописниот филм „Во движење“, кој се снимаше во осум земји низ Европа. Снимањето на филмот почна во Холандија, па продолжи преку Австрија во Словачка, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и заврши во Македонија.
Во Македонија филмската екипа се задржа два дена. Дел од екипата беа и десетина македонски корисници на „Т-хоме“ и „Т-мобиле“. Меѓу одбраните, присуствуваше и македонската ��ретставничка Наташа Ташева, која си замина со незаборавни впечатоци. Се снимаше на неколку различни локации во Националниот парк Маврово, на вештачкото езеро Глобочица и недопрената природа на селото Ничпур и неговата околина. За време на снимањето во Македонија, режисерот Асгер Лет, изјави дека прв пат гледа ваква фасцинантна природа и пејзажи, па токму и поради тоа изборот паднал на Маврово.
Она што беше специфично за овој уникатен филмски проект е што корисниците на „Т-мобиле“ и „Т-хоме“ можеа да влијаат на различни елементи во креирањето на филмскиот продукт. Илјадници обожаватели ги доставија нивните апликации во форма на слики или музички нумери овозможувајќи му на креативниот тим уникатни ресурси и можност да се создаде филм со паневропски сензибилитет.
Светската премиера на филмот се случи во Берлин на 6 ноември во присуство на целата филмска екипа, режисерот Асгер Лет, холивудската ѕвезда Мадс Микелсен, како и Александра Мариа Лара и Габриела Марчинкова. Почесни гости на премиерата беа и дел од македонските корисници, кои истовремено беа и актери во филмот.
„Во движење“ е првиот интерактивен филмски проект кој се реализираше благодарение на соработката со Дојче Телеком како еден од најголемите провајдери на производи и услуги за мобилен интернет во Европа.
|