29.11.2012, 14:06 Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
Други тројца добитници се географот Ѓорѓи Павловски, дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев
Актерот и актуелен директор на Драмскиот театар во Скопје, Бранко Ѓорчев е добитник на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година од областа на културата. Други тројца добитници се географот Ѓорѓи Павловски, дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. Одлуката за наградите ја донесе Одбор под претседателство на академик Вера Битракова Грозданова.
Државната награда „Св.Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
|