Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Свет
30.11.2012, 16:35

ОН ја одбраa Палестина

Хаотични реакци по гласањето во Генералното собрание на ОН каде што со 138 наспроти девет против светот рече дека Палестина треба да има држава

Димитар Чулев


Израел не почека ни едно деноноќие да го стави на „столбот на срамот“, а богами и да го обвини Генералното собрание на ОН дека е соучесник во насилствата во Палестина кои ќе следуваат. Гласањето во ОН било „негативен политички театар“, изјави портпаролот на израелската Влада Марк Регев и уште додаде дека „тоа ќе го повреди мирот“.

За кој мир мислел портпаролот на само една недела по последната размена на оган меѓу израелската војска и припадниците на Хамас, при што палестинската енклава Газа уште еднаш беше вратена во средниот век. Изјавата на портпаролот може да се гледа во рамките на неговите „напишани“ активности, но дефинитивно не оди во прилог на јавното светско мислење дека „Палестинското прашање“ трае и повеќе од она што и една дипломатска стерилна стратегија може да издржи.

Поддршката во Генералното собрание на ОН за прифаќање на Палестина како посматрач и нечленка земја во рамките на ОН, веројатно изненади, иако гласањето во Генералната асамблеја е само нов почеток на мачната борба за самодокажување на постоењето на Палестинците и на Палестина и тоа, каква иронија, на иста територија која го носи истото историско име.

Но, гласањето во кое 138 земји гласаа „за“ статусот „држава“ е чекор од седум милји за оние кои со симпатии и искрено сакаат да го видат стабилно и ова парче земја, а шлаканица за оние загрижени олеснувачи кои го одложуваат решавањето на спорот.

Гласањето во ОН исфрли различни заклучоци: за Палестинците кои славеа во Рамала, 138-те гласа за Палестина значеа доказ дека оние парчиња поделена земјичка во рамките на признаениот Израел се доказ за државност и за Палестина и дека планот за две држави на иста територија тргна во вистински правец. Коинциденција или политички маневар, тоа се случи само 48 часа по отворањето на „досието Арафат“ (дали бил отруен или не) и само на десетина дена по последниот напад на Израел врз малата Газа.

Оние 1,4 милиони Палестинци натискани во појасот широк осум, а долг 40 километри (нешто како земјиштето покрај автопатот Скопје - Куманово) се постојана цел и жртва (во цивили) поради активностите на милитантната Хамас од таа територија. Тоа што Хамас е легално избрана власт од Палестинците не важи. Како што не е во функција ни комуникацијата на Газа со Западен Брег, втората палестинска територија, која е на стотици километри оддалечена од првата и која во некоја идна фатазмагорична мапа треба да претставува дел од иста палестинска држава. Два милиони Палестинци живеат во Западен Брег, територија која според необјавениот план на експремиерот на Израел Ариел Шарон треба урбанистички да се силува откако во маестрален потег пред десетина години тој реши да ја напушти Газа, но да не го даде Западен Брег.

Тоа е стратегијата и Махмуд Абас. Палестинскиот претседател пред ОН кажа дека сака мир и почитување на палестинската земја во засега енклавите Газа и Западен Брег, но со минимум признавање и на Источен Ерусалим како главен град на Палестина. Тоа како и проблемот на враќањето на раселените Палестинци, чесната распределба на водните ресурси прашањето за нелегалната изградба на израелскиот ѕид замислен физички да ги оддели Израелците од Палестинците е дел од агендата околу која преговорите меѓу двете страни запреа во 2010. Или две години пред тоа кога американскиот претседател во заминување Џорџ Буш искрено посака да го затвори ова блискоисточно поглавје.

Работата, судејќи според реакциите, е унапредена, но со истите придружни тешкотии. За САД, која и лани во септември ја спречи „молбата“ на Палестина да добие статус на држава, последното случување е „несреќно и контрапродуктивно“ , вели шефицата на дипломатијата во заминување Хилари Клинтон. За Русија, настанот на Ист Ривер може да биде момент во кој преговорите конечно ќе тргнат во вистински правец.

Факт е меѓу 138-те земји кои гласа „за“ преовладуваат оние со минато и дебело колонијално бреме и кои традиционално се на страна на послабите. Палестина (без патетика) е дестинација, народ и судбина која асоцира на современ егзодус.

Нема точни податоци кои беа оние 41 земји кои немаа став или одбраа да гласаат „неутрално“ завчера, но фактот дека од Балканот речиси сите земј�� кои излегоа од поранешна Југославија (без Србија) плус Албанија, Романија, Бугарија беа меѓу нив, јасно говори за немањето „стомак“ за водење автохтона политика и за синдромот на „приврзок“ дипломатија која се води.

Не е поарно ни во ЕУ. По Арапската пролет, каде што Брисел покажа тотален хаос во ставовите, а Кетрин Ештон како министерка за надворешни на Унијата доцнеше и во реакциите и во оценките, овој пат се повтори истото. Чешка беше против Палестина во ОН; Британија побара однапред гаранции како да гласа, Германија беше неутрална, другите гласаа по свое наоѓање и главно во корист на палестинската кауза.

Тоа е доказ плус дека палестинското прашање и негова позитивна завршница е комплексно прашање. Особено ако Палестинците со „сертификатот за раѓање“ (како што рече Абас) сега почнат да ги бараат легално своите права кои се врзани со правата на една држава.

Ројтерс дозна, а други агенции пренесоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно бил најмногу загрижен за правните консеквенции од гласањето во ОН.

Махмуд Абас, палестинскиот претседател, засега има позитивен ореол со самиот факт што е за решението „две држави“ со кое ја тера палестинската продржавна агенда, но не го оспорува постоењето на Израел.








Статијата е прочитана 3452 пати.


Испрати коментар



Египет усвои исламистички устав
Арктикот стана пловен и во текот на ноември
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те



Nekoj, 01.12.2012 00:16:43
Jas gi chitav reakciite vo stranskite vesnici i tie dosta se fokusiraa na pozitivnoto a ne na toa shto kazal Izrael, shto moze da kaze drugo? I po blogovite reakcite bea pozitivni i milo mi e shto svetot poleka se budi. Da se nadevame deka eden den ke postoi svet bez granici, sekoj ke ima svoja drzava i site ke ziveat vo mir i so ljubov. Zalno e shto se ushte ima luge koi veruvaat deka so nasilstvo se reshava se a ushte pozalno shto vo Makeodnija na se se gleda negativno. Vreme e site da se razbudite zashto toa e edin nachin da nekoi samoproglaseni eliti ve manipuliraat, bez razilka dali e toa na lokalno ili svetsko nivo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -1°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |