03.12.2012, 13:43 Албанците ја канат Дел Понте на суд
Заедничка истрага за поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал побараа и Албанија и Косово
Албанија и Косово повикаа да се спроведе независна истрага за поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте за нејзината „тенденциозна и илегална улога“ во случајот против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.
Коментарите следеа неколку дена откако Хашкиот трибунал ги ослободи Харадинај и двајца други од обвиненијата за воени злосторства на повторно судење. Харадинај два пати беше ослободен од судот на ОН под обвиненија за убиство на Срби за време на косовската војна за независност од 1998-99 година.
Албанската влада соопшти дека е „шокирана“ од неодамнешната изјава на обвинителите на Трибуналот дека Дел Понте ги изнела обвиненијата без доволно докази. Кабинетот на премиерот Сали Бериша соопшти дека Тирана ќе побара од меѓународните институции да започне независна истрага против неа.
Ослободувањето на Харадинај се случи на крајот од првото повторно судење на судот на ОН, кое беше нарачано откако апелациските судии ги означија ослободувањата во 2008 година на Харадинај и борците на ОВК, Идриз Балај и Лахи Брахимај, за „погрешна пресуда“ поради раширеното заплашување на сведоците на обвинителството. На првото судење Брахимај беше осуден за тортура и за тоа обвинение немаше повторно судење, туку тој ја одлежа неговата казна и беше ослободен со другите.
Во друг случај и по објавувањето на книга од Дел Понте, ЕУ започна друга истрага за тврдењата дека криминална мрежа продавала органи на цивилни заробеници на Косово за време на војната.
Во извештај на Советот на Европа од 2010 година се тврдеше дека косовскиот премиер Хашим Тачи и други бунтовнички команданти на ОВК воделе притворни центри на границата на Албанија со Косово, каде што цивилни заробеници, меѓу кои и Срби, биле убиени, а нивните органи продавани на црниот пазар за време на косовската војна за независност од Србија. Населението на Косово претежно го сочинуваат етнички Албанци.
И Тачи и Албанија ги негираа тие тврдења.
Од основањето, Хашкиот трибунал осудил 89 лица на 1380 години затвор, од кои најголем број се Срби, осудени на вкупно 1125 години. Сите останати заедно се осудени на вкупно 255 години.
|
Статијата е прочитана 2089 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Milan, 03.12.2012 14:44:00 | Del Ponte e kriva bidejci ne gi procesuirase site odgovorni a pred sa Nato iSojuznicite za bombardiranje na SR Jugoslavija 99g.Mimo site intitucii UN,Sovet za Bezbednoost tie maski udrija,e toa e rabotata na Haskite obviniteli... |
| nabljuduvac, 03.12.2012 18:42:18 | Ima eden Drug praveden Sudija, koj gleda se i znae se. Od Nego treba da se plasite, a ne od ovoj ispolitiziran i so strogo definirana namena osnovan sud
|
| kris, 03.12.2012 19:13:32 | Da be, ke spade po niv deka Milosevic im gi vadel organite, koga site znaat cij e biznisot so narkotici, oruzje i prostitucijata.......... |
| bezanec, 03.12.2012 20:10:30 | Сп политиката штп ја води америка спрема албанците, тие ќе бидат дежурни полицајци на америка во европа. За таквата пресуда има два фактори; прва е галениче на америка а втората е мафијашкиот дијапазон што го постигна во светот. |
| Горан, 03.12.2012 21:36:08 | Карла Дел Понте дури сега ја сфаќа нејзината вистинска улога - обичен пиун во рацете на западните тајни служби. Пиуните како и сите други фигури на светската шаховската табла или се црни или се бели, трето нема, а пиунот Карла не ми личи дека е од белите. И нешто не штима во целата работа кога црн пиун ќе нападне своја црна фигура. Или пиунот не си ја знае бојата или пак пиунот претчуствува дека токму таа црна фигура ќе одигра клучна улога за да црните заглават во реми или недај боже шах мат.
Како и да е судбината на секој црн пиун е кога ќе му дојде време да биде жртвуван во размена за друга по можност поголема бела фигура и со тоа да спаси некоја своја црна фигура. Пиунот Карла повеќе од упешно си ја одигра својата улога и освојувачкиот поход за црните може да продолжи.
|
| albanec, 03.12.2012 23:55:10 | Vo hag treba da skapa sekoj sto napravil zlostorstva nad civilite od bilo koja nacija da e.
Vojnata go napolni celiot balkan so masovni grobnici. 99% od civilite ekskumirani od niv ne se srbi. Fakt e deka ne samo tie vrsea zlostorstva no nivnite militarni edinici se vinovni za pogolemiot broj od bezdusnite ubistva.
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
(ФОТО) Телото како платно Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла... | |
|