03.12.2012, 15:42 Почина српската актерка Злата Петковиќ
Српската актерка Злата Петковиќ, почина денеска во 58-та година од животот, јави Танјуг. Актерката пред една недела доживеа мозочен удар по што нејзината состојба се влоша, а во петокот беше оперирана.
Злата Петковиќ е родена во 1954 година во Сврљиг, а се прослави со улогата во серијата „Враќање на отпишаните“.
После една аудиција на која случајно отиде во 1970 година, на Злата и е понудено да учествува на изборот за најубава тинејџерка на Југославија во Загреб, на која е избрана за прва придружничка на Анита Бутурина, идна сопруга на Мишо Ковач. Титулата на прва придружничка и овозможи да оди на светскиот избор за најубава тинејџерка во Токио, на која го понесе признанието Мис на фотогеничност, по што и се отворија вратите за актерската кариера.
Злата со години имала проблеми со високиот притисок. Со сопругот, музичарот Сања Илиќ, го имаше синот Андреј.
|