03.12.2012, 12:36 Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Таа наградата ја освои за фотографијата од насловната страна на списанието „Есквајр“, кое глумицата ја прогласи за најсекси жена на светот
Глумицата Мила Кунис ја освои наградата „Најсекси фотографија 2012“ која ја доделува списанието „Д Сан“.
Кунис оваа награда ја освои благодарејќи на фотографијата од насловната страна на списанието „Есквајр“, кое глумицата ја прогласи за најсекси жена на светот.
Мила доби 20 отсто од гласовите од 38.670 гласачи. Зад неа со 18 проценти од гласовите е Џоди Марш, а во натпреварувањето учествуваа и Ким Кардашиан, Памела Андерс и други. |