03.12.2012, 18:00 ПСЖ мора да го победи Порто
Првиот ден од последното 6. коло во ЛШ ќе донесе еден дуел со резултатска тензија
Единствениот дуел кој денеска ќе има резултатска тензија во која и двата тима ќе мораат да притиснат за да дојдат до триумф ќе се одигра на теренот на ПСЖ. Во Париз ќе гостува составот на Порто, кој секогаш бил незгоден за своите ривали во Лигата на шампионите без разлика каде се играла средбата.
На овој дуел ситуацијата е сосема јасна. Порто не смее да загуби доколку сака да остане на врвот во групата. ПСЖ, пак, нема друг избор освен да нападне од првата минута и да дојде до три бода со кои ќе може да го мине својот денешен ривал.
„Овој натпревар е максимално важен за сите ��ас. Порто е тимот кој има најголемо искуство со играње натпревари во Лигата на шампионите. Токму поради тоа овој меч ќе биде голем тест за нас и ќе можеме на терен да видиме на кое ниво сме во моментов. Ќе биде тешко да дојдеме до добар резултат, но свесни сме дека мораме да покажеме дека имаме тим за висок дострел“, Анчелоти.
Дали ќе може да се надмине кризата во играта која е присутна во таборот на ПСЖ е сосема неизвесно. Она што е добро е дека во составот ќе го има и Лавеци, кој пропушти голем дел од средбите. Секако за Анчелоти е добар и фактот што Хулк сезонава не игра за Порто бидејќи тоа е играчот кој ја правеше големата разлика во однос на противниците.
Сепак, она што во моментов е максимално важно е дека гостите во Париз одат да останат непоразени. Тие и со бод на овој меч се задржуваат на врвот бидејќи имаат бод повеќе од ПСЖ. Токму поради тоа натпреварот ќе донесе големи возбудувања, а кој ќе успее да стигне до три бода ќе решаваат нијанси.
„Порто постојано има играчи кои доаѓаат и се истакнуваат. Стилот на работа е да се дава шанса на младите фудбалери, кои откако ќе достигнат ниво заминуваат во други екипи. Затоа е тешко да се одржи ритамот и мора да се биде подготвен за постојан атак. Нашиот клуб има свој стил на работа. Денешниот ривал нема големо искуство во ЛШ, но има многу пари и играчи кои зад себе имаат голем број квалитетни средби. Ние мораме да бидеме внимателни. Едноставно мораме да бидеме убедливи и да ја одиграме нашата игра доколку сакаме успех. Во ниту еден момент не смееме да попуштиме со концентрацијата“, изјавува тренерот на Порто, Витор Переира.
10.000 навиваЧи за поддршка на Порто
Екипата на Порто денеска би требала да има голема поддршка од трибините. Најавени се околу 10.000 навивачи кои денеска би требало да пристигнат на „Паркот на принцовите“ и да се обидат да му помогнат на својот тим да дојде до победа или реми со кое ќе заврши на првото место во групата А.
На краjот од сезонава Мурињо си заминува од Реал
По завршување на сезонава Жозе Мурињо ќе си замине од тимот на Реал Мадрид, пишува највлијателниот спортски весник во Шпанија, „Марка“. Според пишувањата, пукнала „љубовта“ меѓу стратегот и претседателот на тимот, Флорентино Перез, и речиси сигурно е дека Реал во следната сезона ќе има нов тренер. Мурињо не би го спасило дури и ако Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, бидејќи Перез веќе го гледа на излезна врата од „Сантијаго Бернабе“.
Претседателот на клубот смета дека португалскиот тренер целосно се истрошил и дека нема веќе амбиција да го предводи „кралскиот клуб“, а и сезонава направил неколку непопуларни потези. Веќе подолго време се шпекулира дека ниту атмосферата во соблекувалната на тимот не е најсјајна. Мурињо не е во најдобри односи со „староседелците“ и често има конфликт со капитенот Икер Касиљас и еден од клучните играчи во одбраната Серхио Рамос. Тој се скара и со тренерот на младинската школа на Реал, а често знае да влезе и во конфликт со публиката. Пред градското дерби, Мурињо најави дека доколку некој има нешто против него, да се појави 40 минути пред дуелот со Атлетико Мадрид и да го исвирка. Португалецот си го исполни ветувањето и се појави на теренот на „Сантијаго Бернабе“, но поголем дел од публиката која беше на стадионот со аплауз го награди тренерот кој минатата сезона ја донесе титулата во Мадрид.
Двоjки 6. коло (20,45 ч.):
Група А: Динамо З. - Динамо К., ПСЖ - Порто
Група Б: Монпеље - Шалке 04, Олимпијакос - Арсенал
Група Ц: Малага - Андерлехт, Милан - Зенит
Група Д: Борусија Д. - Манчестер С., Реал Мадрид - Ајакс |