Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
05.12.2012, 12:35

Шоу на вечерашниот концерт на Филхармонија

Во Домот на АРМ со Македонската филхармонија ќе настапи атрактивното дуо Игудесман и Џу, кое ја зачинува класичната музика со комични елементи

Тина Иванова

Класична музика на неконвенционален забавен начин е новиот концерт на Македонската филхармонија, кој се најавува како спектакуларен. Вечерва, на сцената во Домот на АРМ во 20 часот, првпат кај нас ќе гостува дуото „Игудесман и Џу“, кое се смета за еден од најатрактивните ансамбли на концертните подиуми во светот. Станува збор за виолинистот Алексеј Игудесман и пијанистот Хјунг-ки Џу, кои класичната музика ја зачинуваат со комични елементи и создаваат вистинско шоу на сцената, со што и' овозможуваат на публиката поинакво доживување на популарните класични композиции. Нивниот концерт е насловен „Big Nightmare Music“, односно „Голема кошмарна музика“, а програмата е составена од аранжирани дела од Моцарт, Штраус, Рахмањинов и од други светски композитори кои и' се добро познати на пошироката публика.

Неоспорната виртуозност на Игудесман и Џу, како и индивидуалниот талент во строгоста на класичната музика да најдат елементи да ја направат забавна, им донесува на овие двајца музичари распродадени концерти насекаде низ светот и настапи со некои од најпознатите светски класични музичари како Џулијан Рахлин, Емануел Акс, Миша Мајски, Џошуа Бел и многу други, пред публика од стотици илјади посетители.

„Се работи за одлични музичари кои ја презентираат класичната музика на неконвенционален забавен начин. Не беше лесно да се донесат во Скопје, но успеавме да го договориме нивниот настап и навистина сме среќни што и македонската публика ќе може да ги види“, вели Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.

Инаку, на концертот и самите музичари од Филхармонијата ќе бидат вклучени во комичниот перформанс на Игудесман и Џу, со што треба да биде создадена интеракција на сцена. Проектот го носи насловот „Голема кошмарна музика“ затоа што претставува пародија на познатото дело од Моцарт „Мала ноќна музика“ и веќе ја имаше својата премиера со Филхармонијата на Лос Анџелес.

Игудесман и Џу свират без панталони, или со маталки за нескафе, прават скечови и ја засмејуваат публиката. Тие се класични музичари, но го воодушевија светот со нивните уникатни и смешни театрални настапи. Нивните снимки на „Јутјуб“ до денес се посетени повеќе од 28 милиони пати. Нивната цел, како што велат, е да ја доближат класичната музика до пошироката и помлада публика, па освен во класични концертни сали, настапуваат и во спортски сали и стадиони со публика од 18 илјади луѓе.

Алексеј и Хјунг-Ки се запознаваат на 12-годишна возраст во специјално��о училиште за музика „Јехуди Мењухин“ во Англија и оттогаш се блиски пријатели. Во 2004 година, следејќи ги стапките на визионери како Виктор Борге и Дадли Мур, тие го креираат нивното прво шоу „Мала кошмарна музика“. По овој пробив настапуваат како дуо и солисти, со камерни и симфониски оркестри, на најзначајните светски сцени и фестивали. Многу инструменталисти кои се водечки имиња во класичната музика како Емануел Акс, Џошуа Бел, Џанин Јансен, Гидон Кремер, Миша Мајски, Викторија Мулова и Џулијан Рахлин, им се придружуваат во нивните музички скечови. Алексеј и Хјунг-Ки Џу во нивните проекти за УНИЦЕФ соработуваат и со врвни актери, меѓу кои и Џон Малкович и поранешниот Џејмс Бонд, сер Роџер Мур.

Алексеј Игудесман соработува со врвни имиња, меѓу кои е и композиторот Ханс Цимер, добитник на „Оскар“ за филмска музика, повеќекратниот добитник на награди „Греми“ Боби Мек Ферин, оскаровецот Вангелис, а исто така е избран од Били Џоел да ги аранжира и сними неговите класични композиции, албум кој се искачува на врвот на топ-листата Билборд. Игудесман и Џу се појавуваат и во неколку филмови, вклучувајќи ги и нивните остварувања „Мокументарец“ и „Се' што отсекогаш сте сакале да знаете за класичната музика“.


Статијата е прочитана 448 пати.


Испрати коментар



Каролина останува во врска со „Оне“ и во новата година
„Метузалем“ - промоција на првиот албум на „Здив“
Хорот на ФМУ „Драган Шуплевски“ награден на натпревар во Краков
Никола Маџиров на поетски фестивал во Израел
Премиера на мјузиклот „Македонска крвава свадба“
Видни гости на проекцијата на „Трето полувреме“ во Л.А.
„Малфанкшн“ - уметнички проект на тројца пријатели
„Зад аголот“ - нов роман на Томислав Османли
Славење на хорската уметност во МОБ
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
Почина руската оперска дива Галина Вишњевска
Групата „Кабадајас“ го промовираше својот првенец - албумот „Четири“
Современи постери инспирирани од секојдневието
(ВИДЕО) Почина Рави Шанкар, познатиот ситарист и учител
Врачена наградата на Киро Урдин од филмскиот фестивал во Јаан
Промоција на „Потрага по подобар свет“ од д-р Срѓан Керим
Концертна промоција на Наум Петрески и „Синтезис“
Том Круз со хеликоптер на фудбалски натпревар
Калиопи повторно на „Евросонг“?
(ФОТО) Реновиран музејот на Дикенс во Лондон
(ФОТО) Вратен стариот сјај на Шарената џамија во Тетово
Светската премиера на „Хобит“ и во Скопје
Латинопејачкатата Ривера загина во авионска несреќа
Наградата „Балканика“ ја доби Недим Ѓурсел од Турција
Австралиските водители се каат за несолената шега
Возбудлив крај на мултикултурниот и разнобоен „Таксират 14“
Мозаици на Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“
„Беј д’фиш“ го најавуваат новиот албум за крајот на светот
Македонските револуционери во џебна енциклопедија
Отворање на 13. Меѓународно биенале „Фотомедиа 2012“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Самоубиство на медицинската сестра поради лажниот повик за Кејт Мидлтон
Португалија, Полска, Грција и Словачка и кажаа збогум на Евровизија
Балетски гала концерт „Прослава на танцот“
Номинација за „Греми“ за македонскиот филмски оркестар „Ф.А.М.Е.С“
Наталија Бондарчук сака да снима филм во Битола
Изложба на книги на современи српски писатели во НУБ
„Саем на жена“ - дестинација за современите жени
„Антитело“ - нов албум на „Фолтин“
(ВИДЕО) Почина легендарниот џез пијанист Дејвид Брубек
Книга со поезија, музика и визуелни дела на Џабир Дерала
Почина најстарата жена на светот
Велибор Педевски како „Хардеџ“ со низа настапи во Њујорк
Акварели на Петар Ѓорѓиев-Пљум во „Галерија 8“
(ФОТО) Телото како платно
iPhone 5 во Македонија од 14. декември
Линдзи Лохан дневно пие по 2 литра вотка
Циклус филмови на Андреј Тарковски
Потврдено од Бакингамската палата: Кејт Мидлтон е бремена!
Почина српската актерка Злата Петковиќ
Анимираниот филм „Татко“ доби „Златна тула“
Ана и Игор Дурловски настапуваат со Симфонискиот оркестар
(ФОТО) Бразилците избраа најубави задници
Мила Кунис со најсекси фотографија за 2012
Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Музичка експлозија со полнолетните „Суперхикс“
(ФОТО) Влатко Илиевски со нов албум, концерт и автомобил за новогодишно расположение
„Љубов“ освои четири „европски оскари“
(ФОТО) Реконструирана фасадата на објект во Старата скопска чаршија
Оперски арии за поддршка на лицата што живеат со ХИВ
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
„Титаник“ на 3-Д во „Синеплекс“
Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Исла Фишер - Тешко е да бидеш госпоѓа Борат
НАСА откри мраз на површината на Меркур
Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -6°C

Магла

Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: 0°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 3°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |