30.11.2012, 15:06 Филмскиот фонд додели три гранта за идеи за сценарио
Грантовите се доделени за идеите за сценарија на Билјана Долевска за проектот „Коридори“, проектот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова и „Ништо страшно“ на Димитар Банов
Филмскиот фонд на Македонија додели три гранта на кандидати кои аплицирале на конкурсот за доделување грант за пишување прв драфт на ново сценарио.
Грантовите се доделени за идеите за сценарија на Билјана Долевска за проектот „Коридори“, проектот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова и „Ништо страшно“ на Димитар Банов. На конкурсот се пријавиле 12 кандидати кои ги претставиле своите идеи за сценарио пред македонските филмски професионалци.
Одлуката за доделување грантови ја донела тричлена комисија, составена од Благоја Куновски, Билјана Гарванлиева и Бернд Будер. Износот на грантот за секој проект одделно е 2.000 евра.
|