03.12.2012, 13:54 Македонски државјанин уапсен со 13 килограми марихуна
Српската полиција уапсила македонски државјани со над 13 килограми марихуана, на граничниот премин Хоргош. Акцијата се случила во петокот навечер кога 35-годишниот Нуредин А. се обидувал да ја напушти Србија и да замине во Унгарија.
Како што пренесуваат српските медиуми, дрогата била скриена во бункер, односно во посебно направениот двоен под на авотмобилот „цитроен“, со македонски таблички.
По спроведувањето на Нуредин му е изречено 48 часовно полициско задржување. Тој се очекува да биде предаден на истражен судија од Вишиот суд во Суботица и да му одреден притвор за недозволена трговија со дрога. (Љ.С.)
|