04.12.2012, 15:21 (ФОТО) РФМ го опреми „Студио“
Ракометната федерација на Македонија ја накити со македонски обележја дискотеката „Студио“, а билетите за натпреварите од групата Б се продаваат по цена од 6 до 50 евра
ФОТО: Денис Дуковски
Ракометната федерација на Македонија ја накити со македонски обележја дискотеката „Студио“, која се наоѓа во центарот на градот и која ќе биде официјално сврталиште за македонските навивачи за време на натпреварите од прелиминарната фаза на ЕП во Ниш. Во поставувањето на знамињата помогна и генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски.
Билетите од 6 до 50 евра
Влезниците за натпреварите од групата Б во Ниш се продаваат по цена од 600 до 5.000 српски динари, а едно евро се разменува за околу 110 динари. Станува збор за дневни билети, што значи со нив можат да се гледаат двата натпревара од едно коло. Цените на картите се исти за сите три круга во групата.(Р.Д.)
|