04.12.2012, 16:40 Се повампируваат ли кризите на Балканот
Дали е ова 1992 или 2012 година - е еден од коментарите на странските аналитичари за новите фрустрации во регионот
Слободанка Јовановска
Токму кога се зацврсти уверувањето дека не постои можност да се врати нестабилноста на Балканот, земјите од регионот побрзаа да го демантираат тоа. Настаните во Словенија изминативе неколку дена дури и ја проширија сликата, внесувајќи нов елемент во „бурето барут“- економската криза.
Дали национализмите што почнаа да се повампируваат во регионот се начин да се сокрие економското осиромашување и корупцијата- е дилема што станува актуелна по големоалбанските изјави на Сали Бериша и Хашим Тачи? Дали враќањето на Рамуш Харадинај на лидерска позиција во Косово ќе ги замрзне односите на новата држава со останатите во регионот, кои Хашкиот суд не успеа да ги убеди дека тој нема зад себе воени злосторства?
Дали БиХ е пред распад, како што тврди Живко Будимир, претседател на федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи земјата не може да спроведе сериозна реформа поради внатрешните поделби? Каде одат државите по новиот бран палења знамиња, Србите на хрватското, Албанците на македонското, Македонците на албанското, а Златна зора повикува на отворена пресметка со се што е негрчко?Што кажува за некои од државите славењето на обвинетите за злосторства како херои и обидите да се испере образот со навреди кон Карла дел Понте?
Дали е ова 1992 или 2012 - е генералната реакција на сите овие непознаници што се најава за можна нова криза на Балканот, овојпат со Словенија и Грција заедно. Според еден странски аналитичар, владите во регионот се навикнати на подеми и падови во меѓусебните односи и лесно решаваат меѓусебно да се обвинуваат и да распалуваат непријателства. Се повеќе глумат дека се за евроинтеграција отколку што сакаат навистина, за што најтипичен пример се Албанија, Македонија и се' повеќе Србија.
За Едмонд Темелко иритирачките настани и изјави во Албанија не се големо изненадување. Уште повеќе тој се сомнева дека тие се мотивирани само од претстојните избори, со оценка дека ова што се случува е нешто друго и поголемо, бидејќи зад овие пораки стојат сите политички опции и медиумите.
„Не се лапсус, туку е реалност“, ги коментира тој амбициите на албанскиот лидер Сали Бериша кој како албански именуваше територии и од околните држави. Според него национализмот во Албанија постои, но досега бил прикриен и пософистициран, при што посочува дека лидерот на Црвено-црната алијанса, која предизвика националистички инцидент во Пустец, Кресник Спаиу, е бивш заменик претседател на Вишиот суд во Албанија и близок соработник на поранешниот претседател Бајрам Топи. Според него, ова движење, кое од пред една година стана политичка партија, има поддршка од структурите на власта и од медиумите и троши огромни сретства, што покажува дека нивното постоење не е случајност.
„Опозицијата од 2009 година не влегла во Парламентот, законите со европски знак не се гласаат, корупцијата цвета“, ги опиша тој состојбите во оваа земја, практично сугерирајќи кој пат го избрала Тирана место ЕУ.
„Балканот, како и Русија, е уморен од темите ’демократија’ и ’човекови права’. Но, бидејќи е потребно нешто околу што ќе се мобилизираат масите, тука е национализмот и славење на минатото“, ја оценува состојбата во регионот професорот Денко Малески.
Според него, во нашите глави упорно ни' се всадуваат две карти. Едната е политичката, која мора да се трпи, но не се сака, затоа што е одраз на историските неправди кои ја намалиле „нашата“ територија. Втората е „етничката“ која, овој пат, ја афирмираше Бериша во говорот. „Сменете го Бериша со некој наш политичар, и ете ви ја картата на ’етничка’ Македонија или на која сакате балканска држава“, порачува Малески. И тој виде политика во хашките пресуди, со оценка дека, како и досега во историјата, народот на оној водач што е виновен за војната плаќа најголема цена.
„Заборавете ги хашките прерсуди и гледајте напред. Тоа се разбира нема да го направат закоравените националисти за кои пресудите се уште еден доказ за меѓународниот заговор против нивниот народ“, заклучува Малески.
Професор Димитар Мирчев, кој беше прв македонски амбасадор во Словенија, е изненаден од актуелните случувања во бившата југословенска република која важеше за најразвиена. Како и таа стигна до балканското милје, е прашање на кое тој го гледа одговорот во нефункционирањето на шок терапијата во економијата, но и на ��ногу други елементи. Претераното инвестирање, висока јавна и државна задолженост, висока стапка на невработеност, високи вложувања во јавни објекти, поврзаност со економијата на ЕУ која е во криза, големи долгови на најголемите банки, три четвртини од градежните фирми во или пред стечај и големите корупциски афери во кои беа инволвирани министри, пратеници, градоначалници...доведоа, според него, до она што се случи деновиве, т.е. големи и насилни протести.
Одговорот според него не е улична демократија и или етничко и партиско мускулење туку социјален дијалог, за кризата да не добие и други облици освен економските.
Македонија се' уште го бара своето место во овие случувања, иако последните настани во Скопје навестуваат дека и овде можат работите да излезат од контрола. Барем до самитот на ЕУ ќе биде мирно, а потоа – не се знае. |
Статијата е прочитана 3051 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.12.2012 00:28:05 | Ova e 1912ta |
| EU, 05.12.2012 00:53:20 | Profesorot Maleski e kako i sekogas vo pravo, no ima li nekoj da go slusne pri zaglusuvackite nacionalisticki tapani. Ne ne e jasno cudenjeto na profesorot Mircev, toa sto se slucuva vo Slovenija ne e izblik na nacionalizam, tuku reakcija na bezmilosniot liberalen kapitalizam . Poveke e za cudenje reakcijata na vladinite organi, koi so protestite se spravuvaat balkanski. |
| Zelba barem kaj nas se da se resi mirno i povolno, 05.12.2012 05:52:14 | Za zal nisto ne izgleda rozovo, a za nas osobeno ne toa sto doaga od strana na Albanija. Koga ke se zeme predvid deka na svoja strana ja imaat Amerika, svoite sojuznici NATO, pustanjeto na Haradinaj, dosegasnoto ostvaruvanje na sonot da ziveat vo edna drzava, ne znam sto ni preostanuva, osven deka Bozjata pravda e bavna no dostizna. Za sekogo i za se. |
| Коста Стоименовски, 05.12.2012 08:57:37 | Во времето на (СФР)Југославија, Словенците беа тие кои ги моделираа системот и реформите, се разбира секогаш во нивна корист. Тоа придонесе оваа поранешна ју-република да биде пред сите останати ју-републики и да држи чекор со некои земји од ЕЗ (ЕУ). Состојбите битно се променија по распадот на СФРЈ и по влегувањето на Словенија во ЕУ. Словенците погрешно ги проценија состојбите и движењата во меѓународните (економски) односи, не ја предвидоа светската економска и финансиска криза, и тоа сега им се враќа како бумеранг! Словенечките политички и економски елити се занесоа дека со ефтини кредити од странските банки можат по мошне ниски цени да купуваат фирми од поранешните ју-републики и пошироко и дека со остварениот профит ќе ги отплатуваат кредитите. Но, нивниот „есап“ не го издржа тестот на безмилосните критериуми кои важат во европската и светската економија и светските финансии. |
| Miki, 05.12.2012 09:01:43 | E pa ona za koe zboruva Mircev e uste postrasno vo Makedonija no zaradi silna represija seuste ne puknalo! Za da ne misli na prazniot stomak narodot se navlekuva na megjunacionalen sudir - se razbira po sovet i so amin od nekogo! I taa famozna ,,Haska presuda,, - pa site gledame kako i po cij diktat ,,sudi,, toj sud! I se poveke izgleda deka e donesena ne da go resi tuku da go zavlecka sporot so imeto! Opasno ne igra nekoj, a sto mu se namerite samo Gospod Bog znae!! |
| skandin, 05.12.2012 10:24:09 | neznam koja godina e sega ama vo maked sigurno se uste 80etite vo komunizmot,nikoj ne stoi zad albancite nit sad nit eu tuku go imaat narodot i nacionalnata svest zatoa dobija no dobivme i nie i crnogorscite,hrvati,site nacionalna drzava pa se cudime sto sakat tie neranimajkovci od albanci,pa sakat istoto kako nas nacionalna drzava,podpadnala vo tudji drzava i se namnozile zarem za toa se krivi sad,eu,grcija ve molam?evropa ezbir na nacionalni drzava,podelbat aod istok vlijaa i na zapad videte spanija,skotska,flandrija,kanada site sakat da se podelat svoi da bidat,sto poskoro dogovor vo mak sto podobro se drugo e iluzija. |
| Jovan, 05.12.2012 10:51:59 | За Словенциве мило ми е што е вака кај нив, имено тие беа првите кои сакаа да се отцепат од ЈУ. Во ЈУ беа цареви, имаа најголеми плати и ред други работи, но сакаа во европа, мислеа дека таму ќе зимат повеќе плата, но се случи спротивното. тражевте - добивте |
| pile, 05.12.2012 11:48:30 | ,Gde zjivi srbin bike Srbija lucidno se zakanuvase vozjdot od Balkanot vo 90-tite godini od minatiot vek,i vidovme kako zavrsi.Nisto pomalku znacajno ne e i obrakanjeto na Karamanlis vo parlamentot neodamna,,jas sum makedonec,Makedonija e Grcka,i dozjivea preventivno politicko fijasko.Nisto ne gi izdvojuva i potezite i izjavite na sledbenicite na Karamanlis, kako Gruevski i poklonenieto na revolucionerot Goce Delcev i karta na Golema Makedonija i nepriznavanjeto na Rezoluciite 817 i 845 na SB pri ON, ili izjavata na Ahmeti parafraziram ,nikoj ne smee da go dopre jarbolot so zname kaj Kicevo.Vakvite i slicni izjavi i potezi na poedinci od regionalnata politicka scena samo ja pokazjuvaat nemokta na politickite rakovodstva da se spravat so problemite koi najcesto nivnata zjelba za opstojuvanje na vlast gi producirala kako sto e organiziraniot kriminal,korupcijata,a so toa i gubenjeto na megjunarodniot ugled kako na partijata taka i na samata Drzjava.Nemokta da si podnesat ostavka go pr |
| jojo, 05.12.2012 12:12:27 | kako bese ubavo so tito i rabota za site jadenje za site odmor za site nemase tolku kriminal site zdravstveno osigurani skolo za site bez pari socijano osiguran primavme izbeglici od albanija za bezpari dobivaa zemja za da ziveaat mozese da spijes kaj sakas nemse nisto da ti se sluci .toabese feudalizam? Asega e sloboda se oslobodaivme za kogo i od kogo |
| од еден агол, 05.12.2012 15:38:00 | Во основа сите немири на улица стануваат заради економски причини.Балканот е едно од местата каде таа ситуација се трансформира во националистичка обланда,демек.Затоа веењето на сите балкански знамиња некој ги гледа еднобојно.Кренато бело знаме за немоќта пред нечијата џамбаз-политика.Но и покрај тоа, Боже дајни уште такви наши елити.Полошо не би можеле сизивски да истретираме. |
| sandra, 05.12.2012 18:36:32 | Gospodinot Mirčev e iznenaden. Bre, bre. Ako on tolku dobro ja poznava situacijata treba da znae deka slovencite se dignaa protiv vladata. I on treba da znae deka slovencite ne se ovci koi kimaat na sekoja rabota i dopuštaat vladata da si igra so niv. I nasilnosta na protestite ne beše od strana na narodot tuku na odredeni poedinci. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Ситен дожд
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -4°C
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (30)Jованка не се откажува од политичка кариера. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|