27.11.2012, 14:11 Капело ќе се пензионира во 2014 година
Актуелниот селектор на Русија откри дел од своите планови кои велат дека по мундијалот во 2014 година повеќе нема да биде дел од рускиот состав
Актуелниот селектор на Русија, Фабио Капело, откри дел од своите планови кои велат дека по мундијалот во 2014 година повеќе нема да биде дел од рускиот состав.
„Веќе добро размислив. Имам намера да се откажам од работата која ја има во моментов. Тогаш ми истекува договорот и потоа планирам да се пензионирам. Сакам да ја однесам Русија на Светското првенство во Бразил и тоа најверојатно ќе биде последното нешто во фудбалот“, изјавува Капело.
Сепак, по овој коментар остави и мал простор дека некој премногу сериозен проект би можел да го премисли и да остане уште извесно време во тренерската работа или општо во фудбалот.
„Имав премногу убави моменти во тренерската кариера. Особено убаво ми беше во финалето од ЛШ во Атина кога со Милан ја надигравме Барселона. Сите беа сигурни дека ќе ја освоиме титулата и тоа го направивме. Во Рома исто така имав одлични игри, а се сеќавам на титулата. Од Јуве ќе ги споменам титулите кои подоцна ни беа одземени од Калчополи. Дома ги имам медалите бидејќи бевме едноставно посилни од сите“, вели одличниот тренер.
|