Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.11.2012, 12:48

Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство

Министерството за образование и наука на Република Македонија и оваа година ќе додели стипендии за студенти примени на првите 100 рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Од МОН информираат дека стипендиите се однесуваат на академската 2013/2014 година, а крајниот рок за пријавување на кандидатите е 31 август 2013 година.

- Комисијата формирана во врска со Конкурсот за доделување на овие стипендии веднаш по приемот на комплетната документација од кандидатот, а најдоцна во рок од 10 дена, ќе одлучи дали кандидатот ги исполнува или не сите предвидени услови и дополнителни критериуми од Конкурсот, односно дали на кандидатот му се доделува или не стипендијата со што кандидатите нема да мора да чекаат да бидат информирани после крајниот рок за пријавување и ќе може навремено да ги планираат своите активности. Оваа стипендија целосно ги покриваат трошоците за студирање и престој на стипендистите во странство, се наведува во денешното соопштение од МОН.

Право да се пријават на конкурсот имаат кандидатите кои се државјани на Република Македонија, имаат најмалку 8,5 просечна оценка на додипломските студии, примени се на првите 100 рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, активно го познаваат јазикот на кој ќе студираат и не се корисници на друг ваков вид стипендија. Дополнителните критериуми, потребните документи за пријавување, како и обврските на избраните кандидати можат да се најдат во официјалниот конкурс објавен на веб порталот www.stipendii.mon.gov.mk и во дневните весници.

Министерството за образование и наука континуирано ги следи тенденциите за подршка и стимулирање на научно – истражувачките кадри и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите поставени во конкурсот да аплицираат.

Во последните три академски години Министерството за образование и наука додели вкупно 27 стипендии од ваков вид, девет стипендии за кандидати примени на високообразовни и научни институции во област која е од посебно научно, образовно и културно значење за Република Македонија (Академија за филмска и ТВ уметност, Прага, Република Чешка – ФАМУ), а доделени се и стипендии (уписнина) на 60 кандидати запишани на студии од втор циклус за извршната МБА Програма на СИТИ Колеџот, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот Шефилд, Велика Британија, лоциран во Солун, Република Грција и уписнина за пет кандидати примени на студии од втор циклус на програмата за бизнис администрација (МБА) на Френклин универзитетот од Охајо, Соединетите Американски Држави, подружница во Република Македонија.


Статијата е прочитана 848 пати.

Испрати коментар



Ставрески - За четири години 1,55 милијарди евра инвестиции
Клуч на врата за „Повардарие“?
Жена прегазена од сопственото возило
Бернд Борхарт - нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС
Се укинуваат и намалуваат царини од 2013
Со Фонд за иновации ќе се поддржува бизнис секторот
Промоција на македонски вина во САД
Тетовец изнудил накит вреден 8000 евра
Евроатланската интеграција на Македонија е неопходна за стабилноста на регионот
Ховит - Македонија треба да добие датум за преговори
Словенците избираат претседател
Неколку лица загинаа при уривање на тунел во Јапонија
Талибанците нападнаа база на НАТО
ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
(ФОТО) Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Магла

Недела
Обилни врнежи
Макс: 11°C, Мин: 2°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |