Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.11.2012, 11:02

Бугарија и постави три услови на Македонија

Во писмо до македонскиот колега Попоски, шефот на бугарската дипломатија Младенов набројува што треба Скопје да стори за да добие поддршка од Софија

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Млaденов, во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, предлага три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, како услов Бугарија да ја поддржи македонската интеграција во ЕУ.

Првиот услов што го предлага Младенов е да се потпише спог��дба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларација што ја склучија во 1999 година двете земји.

Вториот чекор би бил изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области. Како трето, Софија предлага формирање совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби. „Ако се гарантира исполнувањето на предлозите, тоа ќе ја осигура поддршката од Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ“, наведува Младенов во писмото.

Тој посочува дека Бугарија од осамостојувањето на Македонија ги поддржува нејзините напори за евроатлантска интеграција, но оти во последните години билатералните односи не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов искажува незадоволство од „антибугарските дејства и реторика во Македонија“, кои, како што наведува, „имаат цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не што ги обединува двете земји“. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 4394 пати.

Испрати коментар



ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач



zagrizhen, 29.11.2012 11:39:10
Ochigledno Bugarija ne se otkazhuva od nametnuvanje SPECIJALNI uslovi za POSEBNI odnosi so Makedonija. Zaednichko baranje na poveketo zemji od EU e promena na imeto (?) na R.Makedonija. Treba li da ochekuvame i drugi posebni uslovi od oddelni zemji chlenki na EU, samo zatoa shto se tie VNATRE, a nie sme NADVOR? Imame li mudri lugje vo drzhavava koi mozhat sootvetno da odgovorat na ovie nepristojni predlozi od nashite DOBRONAMERNI komshii?
Gavril, 29.11.2012 12:49:58
Поради просторната блискост, соседскиот статус, нормално е да бидат крунисани со тесна пријателска соработка. Меѓутоа, и двете страни треба многу нешта да одработат, за да демонстрираат дека се со европаска зрелост, а не со балканска фрустрираност. Софија сака работите да ги гледа низ нишанот на сила и хегемонизам. Не може да ја проголта новата реалност и да преболи што не и вроди плод напорот со владата на Георгиевски да воспостави патерналистичка позиција во релациите со западниот сосед. Оттаму и инсистирањето на договорот потпишан со него во 1999 година, кој за здравомислечките е крајно неповолен за Македонија. А што се однесува до пројавите на дискриминација, нашиот источен сосед од влакното прави греда од која треба да не се види дека во рамките на таа држава токму еден век се врши безочна асимилација на стотици илјади наши сограѓани, кои невремињата ги принудиле да најдат засолниште во нејзините граници.Последните уцени само ја потврдуваат бугарската антимакедонска доктрина.
Realen, 29.11.2012 14:36:20
Segasnata vlada saka samo da si go pomine vremeto na vlasta.Ne pravi nisto konstruktivno. Site indikacii se deka ke ne vrtat kako kebap na razen i da te primat vo elitnoto drustvo trebe da im nosis voda.Potvrduva i faktot duri i Bugarija ti dava uslovi. ZAKLUCOK:Odi kade ti e prirodnoto mesto:majka RUSIJA!!!!!!!!!!
komsijata, 29.11.2012 14:53:43
Ova nitu se specijalni uslovi...nitu zagrozuvacki.komssiite sakaat sorabotka i toa konkretna.ne znam kade vidovte zakana.mozebi kako e sklopen napisot na novinarot, od start sozdava odbojnost.bas me interesira kako kje im vozvrati udar makedonskata imperija....koja nitu umee nitu znae da vodi komsiski muabet,ali zatoa penja im fakja ustata u Amerika.
Дејан, 29.11.2012 15:37:40
А зошто да не поставуваат услови? Па 50 и кусур проценти од Македонците се изјасниле како Бугари за да земат пасош. Никој не ни е крив.
Kultiviran Balkanec, 29.11.2012 17:52:21
GAVRIL diskriminacijata vo Makedonija kje ja procenite duri togash, koga kje se deklarirate kako bugarin vo Makedonija, prema makedonskite interpretacii se vrshi asimilacija na stotici iljadi NASHI vo Bugarija, no prema bugarskata interpretacija se vrshi skoro eden vek makedonizacija na slavobugarite vo Makedonija. Uchilishnata programa vo Makedonija e na antibugarska osnova, bugarite se najgolemite dushmani na makedoncite, i pokraj toa shto bugarskite okupatori ubile 130 lugje i toa prema Makedonskiot Drzhaven Institut, a toa sigurno ne vodi kon zblizhuvanje na dvata sosedni narodi.
mene, 29.11.2012 18:21:54
Uslovi ?! Formulacijata i konotacijata na tekstot vi e sosema pogresna !!! Bugarite baraat sorabotka i ne gledam zosto bi sakale da ja integrirame nasata drzava vo EU dokolku ne sme podgotveni da sorabotuvame ?! Ami sto ke bide utre, koga ke padnat granicite megju nas i sosedite (kako rezultat na zaednickiot pazar i Sengen dogovorot)? Ili togas ke probrame da ja prestruktuirame Unijata ?! Podgotveni li sme voopsto (psihicki) za clenstvo vo Unijata?! Uste edno prasanje (neka podrazmisli sekoj): dali ste pomislile kako ke se postavese Makedonija vo obraten slucaj (nasite sosedi da bea pred portite na EU, a nie polnopravna clenka) ?! Poznavajki ja retorikata na nasata vlada, slabi ke im bea sansite na nasite sosedi !!!
gastarbajter, 29.11.2012 18:51:08
Realen od site e najmnogu vo pravo, od EU i NATO nema fajde, i da ne primat, znaejki go nasiot mentalitet, nie ke bideme tamu ona sto bese Makedonija vo ramkite na SFRJ, dvorski sut, i toa samo zaradi podanickiot mentalitet na politicarite. Vprocem, posledicite od toj nas mentalitet gi gledame veke 22 god., pregovarame za imeto, trcame na raport vo stranskite ambasadi, malcinstvata imaat sekakvi mozni prava vo odnos na maticnoto naselenie....Milo mi e sto odamna ne sum del od seto toa.
Bliski, a tolko dalecni, 29.11.2012 19:27:17
Очигледен е огромниот притосок од страна на Европската Унија врз Грција и Бугарија да не го блокираат повеќе пристапувањето на Македонија. Причините се следниве: Евроинтегративниот процес се смета за најуспешна алатка на надворешната политика на ЕУ, со која ЕУ ја поткрепува своја „трансформативна моќ“ за да влијае во Балканот. Но, после Турција можно е и во Македонија оваа политика (ако не се одблокира пристапувањето) да доживее неуспех и да се зголеми анти-ЕУ расположение, што не му оди во прилог на Брисел (особено не сега кога евроскептицизмот поради кризата е во пораст) затоа ЕУ е толку заитересиран за деблокирање на процесот во Македонија. Во врска со Бугарија, реално не постои никаква опасност од поблиска соработка меѓу двата народа на сите нивоа. Прашањето за разликите во историјата ќе се надминат ако и двете страни се подготвени да ослободат од предрасудите! П.С. немам бугарски пасош :)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |