Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.11.2012, 14:25
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов



И покрај тоа што беше најавено дека тоа ќе го стори уште во текот на минатата недела, адвокатите добиле упатство да се повлечат од подготовката на барањето

Расчинетиот владика на МПЦ и прв човек на непризнатата црква ПОА, се откажа од намерата да бара помилување од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов. И покрај тоа што беше најавено дека тоа ќе го стори уште во текот на минатата недела, адвокатите добиле упатство да се повлечат од подготовката на барањето.

Бранителот на Вранишковски, скопскиот адвокат Александар Тортевски денеска ни изјави дека тоа е „лична одлука“ на неговиот клиент, без да образложи кои се мотивите за такво нешто.

Ослободувањето на Вранишковски се наметна како главен услов за обновување на дијалогот со Српската православна црква. Него го испорача српскиот претседател Томислав Николиќ за време на неговата неодамнешна посета на Македонија,кога предложи државно медијаторство во разрешувањето на неколкудеценискиот спор.

Контроверзниот расчинет владика беше уапсен кон крајот на минатата година на граничниот премин Меџитлија, на македонско-грчката граница во обид да влезе во Македонија. Оттаму беше однесен во затвор на издржување на затворската казна. Поради тоа што судот го осудил во отсуство, Вранишковски ја искористи можноста за жалба. Велешкиот суд го осуди на затворска казна од две и пол години за злоупотреба на 250.000 евра црковни пари, но и да ги врати проневерените пари во епархиите, како и во Фондот за здравство и во Фондот за пензиско осигурување. (Г.Д)

Статијата е прочитана 1311 пати.

Испрати коментар



ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



Kojco, 30.11.2012 15:58:32
A kogo ke ima presuda za aferata HOTEL IZGREV od Ohrid, mozebi tuka moze da se krade vo toj slucaj, ili pak samo Vraniskovski da lezi vo zatvor...
Biljana, 30.11.2012 17:44:04
I ne treba da bara. Kriminalcite treba da ostanat sto podolgo vo zatvor.
Светоние, 30.11.2012 21:30:03
Да е добронамерен Иванов кон МПЦ не би требал ниту да дозволи да му се суди на овој великодостојник. Видите ли Хаг кого се не ослободи и за какви дела, а Македонскиот суд суди на црковен човек за црковни пари со кои роботел. Права иронија од судска монтажа.
ОНУФРИЈЕ, 01.12.2012 08:25:42
И не треба тој да бара, туку Иванов треба сам да го ослободи и тоа веднаш. Ене Хаг какви злосторници ослободи, како ништо да не било, а овој монах , на кого што зло му причинил. Па и татко на син може да каже, бидејки го хранел и издржувал , додека да порасне , дека му крадел пари. Тоа е релативна ствар. Ама та биднал српски владика , па нека биде , кој сака нека верува во српската црква, кој не , нека верува во што сака, зарем за тоа да се оди в затвор

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |