30.11.2012, 11:51 „Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
Над 15 илјади патници за еден месец ја искористиле можноста за патување од Скопје кон една од шесте нови европските дестинации на нискотарифната авиокомпанија Виз ер.
Според податоците на Министерството за транспорт и врски, вкупно 15.565 патници ги искористиле нискотарифните летови на Виз eр за Малме, Дортмунд, Ајндховен, Базел, Тулуз, Минхен и Милано кои стартуваа на 28 октомври годинава, со помош на проектот на Владата на Република Македонија за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај кој се имплементира со цел побрз развој на цивилното воздухопловство и формирање на поконкурентни и подостапни цен�� во воздушниот сообраќај, односно овозможување подостапни цени на летовите за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.
Најголем број патници на новите дестинации се регистрирани на летовите за и од Малме (Шведска) – вкупно 2.802 патници и Дортмунд (Германија) – 2.665, кон и од Ајндховен (Холандија) се регистрирани 2.643, Базел (Швајцаија) и Тулуз (Франција) – 2.633, Минхен (Германија) – 2.427 и Милано (Италија) – 2.395.
Виз ер оперира од скопскиот аеродром од јуни минатата година, почнувајќи со лет кон Лондон, а од септември и Венеција. Вкупно досега има превезено 112.244 патници.
По реконструкцијата и модернизацијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје која заврши во септември минатата година со изградба на нова терминална зграда за пречек и испраќање на патниците, бројот на компании кои оперираат на нови дестинации и бројот на патници континуирано бележи раст. Со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај се очекува бројот на патници дополнително да се зголеми. Од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје оваа година досега се превезени 830.109 патници што е за 70.181 или 9,2 отсто повеќе од вкупниот број патници кои биле превезени во текот на целата 2011 година.
|
|
Статијата е прочитана 1781 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 30.11.2012 13:53:26 | Dajte ve molam ne sirete pogresni informacii. Wizz Air ne leta za Minhen tuku za Memingen, grad oddalecen 120km od Minhen! |
| frequent traveller, 30.11.2012 21:02:50 | Da Wizz Air leta za Memingen, no aviobilet so DIREKTEN let mozhe da se kupi za prosechna vkuna cena od okolu 150 euro, avtobuski prevoz 1h35min od aerodromot vo Memingen do Minhen chini 15 euro (interent cena), vo gotovo vo avtobusot 19,50 euro. Sporedete ja ovaa cena i uslugite so cenite na drugite t.n.redovni avio-prevoznici od Skopje za Minhen, do kade treba da patuvate so min 2 leta za najmalku 4h! Proverete pred da kritikuvate! |
| patnik, 30.11.2012 21:38:42 | Do Demokrat : Memmingen e mal aerodrom blizu do Minhen ,taka da jas mislam deka ne e greska ako e predstaven pod Minhen,kako Memmingen ne e mnogu poznat vo svetot,no ljugeto od Bavarija,Voralberg (Avstrija) i istocna Svajcarija mnogu go koristat od kade moze da se leta za mnogu eftini ceni.Samo za info,vo toj Slucaj i Bazel e greska po tebe,zosto aerodromot se naoga na Francuska teritorija blizu gradot Sent Luis.
Pozdrav
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Магла
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 11°C, Мин: 2°C
|
Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|