Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.11.2012, 09:49

Вашингтон го гледа Балканот интегриран во ЕУ и НАТО

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во своето синоќешно обраќање пред институтот Брукингс во Вашингтон ја поддржа интеграцијата на балканските земји во Европската Унија и во НАТО.

- Продолжуваме да работиме заедно за работата која остана незавршена во самата Европа, како што се европското проширување и интеграциите, кои САД ги промовираат со децении. Со задоволство го очекуваме приемот на Хрватска во ЕУ следната година. Минатиот месец патував на Западниот Балкан со високиот претставник на ЕУ Ештон, каде ја изразивме нашата поддршка за аспирациите на луѓето таму да бидат интегрирани во Европа и во Евро-атланскиот сојуз. Го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија кој е во тек, под добрите услуги на Унијата. И се надеваме дека ќе видиме движење кон нормализирање на односите, изјави Клинтон, во делот на своето обраќање посветен на Балканот.

Таа, како што пренесува дописникот на МИА од Вашингтон, во забелешките за источна Европа, Балканот и Кавказот, оцени дека заедно со ЕУ мора да се продолжи поддршката за граѓанскиот сектор, демократските реформи и промовирање на толерацијата.

Во своето обраќање за партнерството на САД и на Европа, Клинтон наведе дека политиката на штедење во Европа го турка континентот во економска рецесија и рече дека дури и Германија и Франција се соочуваат со знаци на економско забавување. За Грција, Клинтон наведе дека грчката Влада донела важен чекор со донесувањето на буџет и пакет реформи кои бараат со себе повлекуваат болни одлуки.

- Важно е европските водачи да се насочат кон политики кои промовираат сигурен и одржан економски раст и отвораат работни места. И ние правиме тешки одлуки, но има многу што можеме да сториме заедно на економскиот фронт, како што е зајакнување на трансатланското трговско партнерство, изјави Клинтон.

Идејата за промовирање на заедничка трговска зона меѓу САД и ЕУа е еден од предлозите за излез од кризата, кој ги преокупира Вашингтон и Брисел во овој период.


Статијата е прочитана 521 пати.

Испрати коментар



ЕП - На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори
Лекарите со бел марш побараа оставка од Тодоров
До крајот на 2013 вкупно 6.000 работни места во ТИРЗ
Mакедонските бизнис потенцијали презентирани во Лос Анџелес
Соработка со лекари од болницата „Роналд Реган“ во Лос Анџелес
Аврамопулос - Решението за името да ја почитува историјата и културата на двете земји
Дезинфицирана болницата во Кавадарци по смртта на четиригодишното дете
Отворен почесен конзулат на Македонија во Лос Анџелес
Oтворена електронска продавница во Битола
Бесплатно зимување за 1000 деца од социјално загрозени семејства
Бериша - Албанофобијата кружи низ Балканот како сенка
Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци вработени 200 лица
Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
Најмалку 26 лица повредени, а 30 уапсени во протестите во Љубљана
Карпентер - Сонот за голема Албанија се уште е жив
Тодоров ги повика лекарите да лекуваат
(ФОТО) Шверцувани влекачи станаа нови жители на ЗОО
Албанија се пере од скандалот
Арифи очекува добри заклучоци на декемврискиот Самит
Доктори од Македонија на обука во Хјустон
Вранишковски нема да бара помилување од Иванов
За три години државата ќе изгради 1.700 станови
Објавен конкурсот за стипендии за студирање во странство
Од понеделник нагло заладување
Новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка кај Иванов
Светска банка одoбри 50 милиони долари за развојни политики
Скопјанец фрлил молотов коктел пред американската амбасада
Амбасадорите на ЕУ-членките в среда ќе расправаат за Македонија
„Виз ер“ со над 15 илјади патници за еден месец
ЕУ само до начелен договор за буџетот за 2013
Шведска ќе ја поддржи Македонија за преговорите
ОН ја призна Палестина како држава-набљудувач
Бугарија и постави три услови на Македонија



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |