Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.11.2012, 16:05

(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те

Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна

Колекцијата на ретки фотографии во боја на Берлин од 1937 година, снимени од Томас Њуман и откриени во Норвешките архиви, го покажуваaт животот во германската престолнина во една бурна деценија. Тие пренесуваат сцени од динамичниот град, кој беше под железната власт на Адолф Хитлер и неговиот Трет рајх во самиот ек на неговото владеење. Само осум години подоцна градот беше во урнатини додека Русите и сојузничките сили победнички го окупираа.



Но, во времето кога биле снимени тие фотографии, Берлин на Хитлер беше динамичен. Хитлер ја презеде власта по пропаѓањето на демократската Вајмарска Република во 1933 година, додека тешките економски проблеми предизвикани од Големата депресија ги турнаа обичните Германци во рацете на екстремнодесничарската партија.

Покрај студените фотографии на згради украсени со свастики, има сцени од обичниот живот, како Германците си ја вршат работата. Тие покажуваат дете на сончев плоштад, насмеани пријатели на железничка станица, количка од која се продаваат банани и продавач на храна во сончев парк.

Норвешкиот инженер Томас Њуман (1901-1978) ги снимил фотографиите додека работел во Германија. Филмот што го користел бил прв од таков вид, а неколку слични фотографии се сочувани во норвешките колекции. Неговите фотографии во боја им овозможуваат на историчарите корисен поглед на периодот меѓу војните.



Во 2007 година неговата ќерка ја предаде фото-галеријата на Националните архиви на Норвешка.

Нацистичката влада го обнови просперитетот и стави крај на масовната невработеност, користејќи големи воени трошоци и слободнопазарна економија. Покрај тоа, беа преземени обемни јавни работи, како изградбата на автопатишта, за да се зголеми вработувањето.

Само две години подоцна Германија ја нападна Полска и ја започна најдеструктивната војна што ја видел светот. Се проценува дека 60 милиони луѓе ги загубиле своите животи како резултат на Втората светска војна, а глобалниот политички пејсаж се смени засекогаш.


Статијата е прочитана 1103 пати.

Испрати коментар



ОН ја одбраa Палестина
Египет усвои исламистички устав
Арктикот стана пловен и во текот на ноември

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (16)
Тито ја прокоцкува довербата на Америка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Улиците и за велосипеди
При проширувањето на некои булевари повторно се заборави на велосипедскиот сообраќај...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |