01.12.2012, 11:55 Околу 34 милиони луѓе во светот се болни од СИДА
По иницијатива на Светската здравствена организација, одобрена со резолуцијата 43/15 на Генералното собрание на ОН од 27 октомври 1988 година, денеска се одбележува Меѓународниот ден на борба против СИДА.
Целта е да се дејствува за подобра информираност на општеството во однос на ширењето на болеста и за поефективно лекување. Симболот на овој ден е црвената панделка со која се искажува поддршка кон болните и носителите на ХИВ вирусот.
Според извештајот на Заедничката програма на ОН за ХИВ/СИДА во светот денес со ХИВ вирус живеат околу 34 милиони луѓе, а околу половина не знаат за својот ХИВ статус.
Во документот се наведува дека во неразвиените земји е намалена стапката на нови ХИВ инфекции за 25 отсто, но дека и понатаму е сериозно висока. Само минатата година во светот биле регистрирани 2,5 милиони инфицирани.
Извештајот покажува дека меѓу новоинфицираните најголем број се сексуални работници, хомосексуалци и интравенозни корисници на дрога.
|