03.12.2012, 12:45 Ставрев на Лил - Валенсија
Нашиот најдобар арбитар е делегиран на уште еден натпревар во рамките од Лигата на шампионите
Македонскиот интернационален судија Александар Ставрев ги доживува своите најдобри моменти во својата кариера. Нашиот најдобар арбитар е делегиран на уште еден натпревар во рамките од Лигата на шампионите. Ставрев во среда ќе биде на „центарот“ на стадионот „Лил Метропол“ каде што ќе го суди натпреварот меѓу Лил и Валенсија. За Ставрев ова ќе биде трет натпревар во годинашното најелитно натпреварување во Европа, а втор во групата Ф, откако претходно го судеше мечот меѓу Бате Борисов и Баерн Минхен, на кој се случи огромна сензација и победа на домашниот тим.
Инаку мечот меѓу Лил и Валенсија нема никакво значење кога станува збор за понатамошниот пласман. Познато е дека Баерн и Валенсија одат понатаму, а Лил во Лигата н�� Европа. Сепак, Валенсија ќе се обиде да го брка првото место на табелата, меѓутоа за тоа ќе му треба победа, а Баерн да не го победи Бате, што е тешко веројатно.
Освен мечот Бате - Баерн, Ставрев ја делеше правдата уште и на дуелот Јувентус - Нордсјиланд.
|