28.11.2012, 12:52 Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот
Денешната ждрепка во просториите на ФФМ одлучи во вториот полуфинален дуел да се сретнат Силекс и Тетекс
Во полуфиналето на македонскиот фудбалски куп ќе играат Шкендија - Вардар и Силекс - Тетекс. Ова е епилогот по денешното извлекување во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, кое одреди екипите од горниот и долниот дел на табелата во македонскиот шампионат да играат меѓусебно.
Првиот полуфинален куп дуел меѓу лидерот Вардар и трето пласираната на табелата Шкендија ќе се одигра во Тетово, а реваншот на кој вардарци ќе бидат домаќини ќе биде на а��ената „Филип Втори“ во Скопје.
Силекс, кој е претпоследен на табелата, ќе биде домаќин на првиот натпревар во другото полуфинале во Кратово, додека последнопласираниот Тетекс ќе го игра реваншот пред своите навивачи во Тетово.
Терминот за првите дуели е 17 април идната година, а реваншите се на 2 мај.
|