28.11.2012, 15:17 Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
„Пет капки сон“ веќе беше претставена на фотографското биенале „Грид“ во Амстердам, во галеријата „Мијако Јошинага“ во Њујорк, како и во Скопје, Софија, Белград и Нови Сад
Во галеријата „Глиптотека“ во Хрватската академија на науките и уметностите е отворена изложбата „Пет капки сон“ на Милчо Манчевски. Изложбата ја отвори директорката на галеријата, Аријана Краљ.
Таа, како што информира С-прес, на отворањето истакнала дека секоја фотографија на Манчевски е „секвенца не само на просторот, туку и секвенца на меморијата. Искра која ја понесувате со с��бе и ја паметите не само како убава слика, туку како она што ве допрело, гибнало и останало во нас, како блесок на сопствениот пат. Тоа резиме на стварноста, спој на едноставност и раскош на идејата е она што оваа изложба ја чини така единствена“.
„Пет капки сон“ веќе беше претставена на фотографското биенале „Грид“ во Амстердам, во галеријата „Мијако Јошинага“ во Њујорк, како и во Скопје, Софија, Белград и Нови Сад.
Филмот „Мајки“ на Манчевски минатата недела беше прикажан и на Хрватската телевизија, исто како и „Пред дождот“ и тоа во специјална емисија во која беше емитувано и опширно интервју со Манчевски. Додека, вториот филм на Манчевски „Прашина“ овој и минатиот месец беше прикажан на американскиот филмски канал „Рилз“, во рамките на циклусот на вестерн филмови.
|