Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.11.2012, 15:33

Актери и музичари го продаваа „Лице в лице“



Уличните продавачи со поддршка на познати уметници го промовираа вториот број на активистичкото списание

Сунчица Уневска

„Да победиш, не значи само да бидеш прв во нешто. Да победуваш, значи да менуваш. ’Лице в лице‘ ќе ги победува предрасудите, лошите навики, незнаењето, дискриминацијата... На патот кон подобро општество“, така напиша Климентина Илиевски, координаторка за Македонија и главен и одговорен уредник на активистичкото списание „Лице в лице“, како најава за неговиот прв број, кој излезе во септември и за започнувањето на овој проект на подрачјето на Македонија. Вчера во Скопје, на плоштадот „Македонија“, веќе беше промовиран вториот број од овој магазин што го продаваат припадници на загрозените, маргинализирани групи, а на кои денеска поддршка им дадоа познати актери и музичари. Како што не' информира Климентина Илиевски, со исклучителна помош на Сашко Коцев, групата „Старовски“, Гораст Цветковски, Александар Белов и Влатко Илиевски за само половина час беа продадени над 50 броја.

„Лице в лице“ е магазин за активизам, кој го продаваат децата од улица, а кој опфаќа теми за активизам во културата, за заштита на животната средина и за демаргинализација. Како што истакнува Илиевски, „Лице в лице“ има цел економски и социјално да се засилат најзагрозените сограѓани и така директно да се влијае на подобрување на нивниот живот, со содржини посветени на различните напори да се постигне напредок во општеството. Инаку, овој магазин е дел од коалицијата што го реализира повеќегодишниот проект „Лицеулице“ како платформа за активизам. Носител на овој проект во Србија е „Јустат центарот“, а оваа програма, која се прошири и во Босна и Херцеговина и Приштина доби поддршка од Швајцарската програма за култура на Западен Балкан и од „Прохелвеција“.

Првиот број на „Лице в лице“, според Климентина Илиевски, поминал одлично и тие се многу задоволни од одѕивот. Голем дел од тиражот беше промотивен, па, сепак, половина од него беше продаден. Она што Илиевски го смета за клучно за успешноста на самиот старт на оваа програма е организирањето обуки за продавачите. Имено, Македонската платформа за борба против сиромаштија даде своја иницијатива, поканувајќи ги уличните музичари со кои заедно собраа средства што беа наменети за обука на уличните продавачи. Агенцијата „Ксантика“, која ги тренира овие деца и млади од улиците, работи на тоа да ја поттикне нивната мотивација, да им ја зголеми самодовербата, да ги подучи во комуникациските вештини, како и во продажните вештини.



Како што ни објасни Илиевски, нивната цел е да ги сменат нивните навики, но и перцепцијата на луѓето кон овие деца. Една од целите е и нивно враќање на училиште, потоа менување на свеста и отворање можности за нивно вработување, за здравствена заштита, како и за нивна заштита како улични продавачи, која би имала соодветна поддршка во легислативата, по примерот на другите земји.

Вториот број на „Лице в лице“ доби поддршка од „Сорос“, а за понатаму екипата која стои зад овој проект се надева дека ќе добие и поширока поддршка. Бидејќи, од една страна, нивната цел, пред се', е хумана и исклучително важна за згрижување на најранливиот слој во општеството, а од друга страна, магазинот е наменет и за публиката и за нејзиното пронаоѓање на себе низ одличниот избор на ангажирани содржини и разговори, од нашата земја, но и од сите страни на светот. Впрочем, овие улични магазини, како што ни потврди Илиевски, секаде поминуваат одлично и добиваат голема поддршка. Така е и во Хрватска и во Словенија, но и низ 60 земји во светот каде што се издаваат 122 списанија.

И уште само да кажеме дека во новиот број е поместен еден исклучителен текст посветен на прерано починатиот режисер Владе Цветановски, кој го пишува актерот Владо Јовановски, потоа интервју со најдобриот продавач во Македонија, Ерџан Садик, па напис за уметноста на бунтот, за општествено ангажираниот театар, за активистичката уметноста на Атанас Ботев, како и за една зграда на „Ленинова“, која на фанта��тичен начин е ангажирана во заштитата на животната средина и уште многу, многу други.



Статијата е прочитана 532 пати.

Испрати коментар



Наталија Бондарчук ќе гостува на Филмскиот циклус „Андреј Тарковски“
Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“
„Кој кого расте“ - нов ТВ-проект со Зорица Црношија
„Старо купуем“ - нов македонски филм
Адријана Лима бремена на календарот на „Пирели“
Хусеин Сермет настапува со Филхармонија
Изложба за Шатев во Софија
„Теа модерна“ - најуспешен печатен проект
Награди за уметничко дело од амбалажен отпад
Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски во Хрватска
Лансирана HP Connected Music во соработка со Universal Music
„Нувел Ваг“ го воодушеви Скопје
Паневропскиот филм на Макс ТВ во Македонија
Одбележани сто години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Kлавирот од „Казабланка“ на аукција
„Пуси рајот“ за најфаци на годината
„Суперхикс“ - фешта со „Молокаи“ и „Чарли хит“
(ФОТО) Каролина Гочева со нов албум
„Трето полувреме“ ќе се прикаже во цела Македонија
Ердоган против Сулејман
Марија Каран искористена за љубомора на Северина
Симон Трпчески беше грациозен, вели „Лос Анџелес тајмс“
„Златна ѕвезда“ за шпанскиот „Брчки“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Петок
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја – Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Интервју - И документарците треба да се гледаат во кино
„Брајан Ино во филмот зборува за неговите идеи“, вели британската режисерка Никола Робертс...
Ким Јонг-ун, нај маж на планетата
Дури и официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија наседна на измама од американската сатирична веб-страница „...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |