28.11.2012, 17:12 Мислења
Значењето на двоглавиот орел
Роберт Несими
Двоглавиот орел беше симбол на Византија. Затоа тој беше имитиран од разни други народи. Тој беше симбол и на фами��ијата на Скендер-бег. Идентификацијата на Албанците со орелот како симбол има една поинтимна речиси мистична компонента
Како и сите други тотемски симболи, двоглавиот орел веројатно потекнува уште од древното, праисториско минато на човештвото. Во обид да го разбира и контролира светот околу него, праисторискиот човек барал објаснувања во природата, а најчесто давајќи им митолошки и натприродни својства на животните, како на орелот, волкот, лавот, змијата итн. Во такво својство двоглавиот орел првпат се среќава и во историскиот период, во Сумерската цивилизација, а понатаму и во старата Персија и Индија. Во древниот свет се качува во врвот на иконографијата во царството на Хитите, народ од Мала Азија, кој успеа да го покори целиот Блиски Исток.
По падот на Хититското Царство, симболот скоро паѓа во заборав, за повторно да воскресне по илјада години во Византиската Империја. Како наследничка на римското царство во истокот, империјата го наследи и орелот како главен римски симбол, но некаде кон средината на нејзиниот животен век, симболот се трансформираше во орел со две глави. За разлика од древниот свет каде што симболот имаше митолошко-религиско значење, во Империјата значењето беше политичко. Според една интерпретација, главите го означуваат Западот и Истокот, што сугерира дека Империјата имаше претензии и кон западниот дел на древниот Рим, иако ја имаше губена територијалната контрола над него веќе со векови.
Според друга, поубедлива интерпретација, симболот пренесуваше политичка порака за предимство на императорот над двата света, секуларниот и духовниот. Тезата го поткрепува и фактот што во многу варијанти двоглавиот орел во канџите држи меч од едната и крст од другата страна.
Како и да е, двоглавиот орел стана и официјален симбол на империјата, а поради високиот степен на политичко и цивилизациско влијание на Византија во средниот век, тој беше имитиран и преземен од разни други култури на светот. На западот често се сретнува како знак на Светото римско царство и разни помали заедници, кнежества, редови итн. Во истокот тој станува симбол на руското царство, која инсистирајќи да стане наследник на Константинопол, Трет Рим, а со тоа и првенец на православието, ја презеде и сета иконографија на Византијците. Зачудувачки, двоглавиот орел беше истакнат симбол и на селџучките Турци, сигурно повторно преземен од Византија, под чии знамиња Селџуците честопати се бореа како платеници.
Уште поголема прифатливост и широко распространета употреба симболот најде кај заедниците кои долго живееја во самото царство, пред се' балканските народи. Разни покорени народи, аристократски фамилии, вазали, кнежества, краткотрајни и долготрајни држави или претенденти да го заменат царството, кои долго време постоеја под нејзина сенка, настојуваа и да го имитираат сјајот на Константинопол, а со тоа и империските симболи.
Една од овие категории, земјопоседничка фамилија која подоцна стана вазал на Отоманската Империја, била и фамилијата Кастриоти, во чија верзија двоглавиот орел бил црн, поставен на црвена заднина. По неколку векови, кога нејзиниот најславен потомок, Ѓерѓ Кастриоти, реши да се крене на востание против Отоманската Империја и прогласи независност од неа, знамето кое беше кренато за да го замени отоманското беше токму ова знаме на неговата фамилија. За 25-те години за кои Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег успешно се спротивстави на отоманските обиди повторно да ги заземат неговите територии, неговото знаме стана симбол на отпорот на Албанците и одбивањето да се покорат на инвазијата на тогашната велесила. Но, по смртта на Скендербег, крајот на неговата епопеја, покорувањето и неколкувековното владеење на Отоманите, знамето со двоглавиот орел полека падна во заборав.
Интересот на Албанците, како впрочем и на другите балкански народи, за нивното минато и нивниот културен идентитет, заживеа во 19 век, во периодот наречен национален препород. Нормално, тогаш тие се свртеа кон најславниот период од нивната историја, периодот на Скендербег. По се' изгледа, првиот кој успеа да го пронајде и идентифицира некогашното знаме на Скендербег беше познатиот ерудит, можеби најголемиот албански интелектуалец на сите времиња, Фаик Коница. Од тогаш ова знаме стана симбол на албанските преродбеници, а подоцна и на пошироките народни маси и повторно во својство на симбол на нивните права, отпор и борбата за ослободување од Отоманската Империја. Сосема логично, при прогласување на независноста на Албанија од Отоманското Царство на 28 ноември 1912 година, знамето на Скендербег стана и официјално знаме на новонастанатата држава.
За денешното време и сегашните настани, важни се две констатации за историјата на двоглавиот орел како симбол на Албанците. Првин, за разлика од другите народи кои го користеле и користат истиот симбол, идентификацијата на Албанците со орелот како симбол е поспецифична и има една поинтимна, речиси мистична компонента. Случајно или не, името по кое Албанците се викаат себеси е Shqiptar, што значи „од родот на орлите“, а јазикот Shqip – „јазикот на орелот“. Второ, црвено-црниот орел станал општ симбол на Албанците во времето на нивниот културен препород, пред тој да стане официјално знаме на Албанија. Двете причини би требало јасно да покажуваат дека двоглавиот орел за Албанците, а посебно за Албанците надвор од Албанија, пред се' има културолошки карактер. Тој се користи за покажување на својот идентитет, а не како симбол на туѓа земја и секако не како територијална претензија.
Како дополнителен доказ дека со употребата на овој симбол поентата не е истакнување знаме на друга земја, може да служи и фактот што тоа никогаш не се придружува со знамето на другата албанска држава, Косово. Во овој контекст интересна е една дебата кое се одвиваше накратко по прогласување на независноста на Косово, кога неколку албански интелектуалци сметаа дека би било добро и државата Албанија да го смени нејзиното знаме, а двоглавиот орел да остане заеднички културен симбол на сите Албанци. Иако предлогот не стигна далеку, ваквото размислување не беше табу.
Голем дел од недоразбирањата, на кои сме сведоци овие денови, потекнува токму од ова неразбирање за значењето на двоглавиот орел за Албанците. Како и обично, вината лежи во двете страни - кај македонскиот интелектуален и политички естаблишмент кој не се ни обидува да го разбира, а кај албанскиот што не се ни обидува да го објасни. Ако за тоа може да му простиме на обичниот народ, недозволиво е на пример да се слуша од пратеник и бивш министер дека „Албанското знаме станува се' поголемо колку што се несложни Македонците“. Реченицата што не' дели во „ние“ и „тие“, имплицира дека нашето општество е „игра со нулта сума“, т.е. успехот на едниот значи пораз за другиот.
За познавач на состојбите во земјата зачудувачки е и импликацијата дека Албанците овие денови биле успешни и сложни бидејќи, всушност, прославите на денот на знамето повеќе личеа на партиски собири пред локалните избори отколку на некакво културно славење. Во обид да се покажат како што поголеми патриоти и да собираат што повеќе политички поени, губитничките албански политичари многу лесно знамето го користеа за да ги покријат своите огромни слабости и неуспеси во сите други сфери.
И како што е веќе обичај кај нас, наместо да не' водат напред, политичарите уште еднаш го манипулираа народот за свои цели. Наместо да објаснат дека славењето на денот на знамето е културен настан и да се приклучат кон него, македонските политичари се спуштија на меѓусебни обвинувања за тоа како и колку е загрозен суверенитетот на земјата. Албанските политичари, пак, наместо да приредуваат достоинствено славење, го користеа јубилејот да собираат политички поени, а за да добијат некој политички поен се спуштија на патетично смешен орален триумфализам, срамно покривајќи ја нивната немоќ со овој свет симбол на Албанците. И уште еднаш, настанот кој можеше да ги зближи двата народа, резултира со уште поголема недоверба.
(Авторот е член на Институтот ИПЕСА)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.
|
Статијата е прочитана 4476 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 29.11.2012 00:30:55 | Orelot bil i na znameto na Vizantiskata pokraina Dardanija koja nikogas ne bila drzava/carstvo, no Albancite nekako mitski taa pokraina si ja prepisale kako svoja drzava, ideja koja denes ja koristat kako otvorena pretenzija kon odredeni teritorii. Albanija nema vrska so Vizantiskite simboli, tie simboli im gi nametna Avstro-Ungarija koja e i najzasluzna za osnivanjeto na denesna Albanija. |
| Од Ивко Дубравнин, 29.11.2012 01:58:27 | Не постои личност во историјата кој се вика Ѓерѓ Кастриоти. Проверете ги сите средновековни автентични документи, сите фрески и гравури, проверете го и личниот потпис на Скендербег. Неговото име е Georgius Kastriotus Scanderbegus. Или да го отфрлиме us и да прочитаме Георги Кастриот Скендербег. Погребан е во црквата Св.Никола во Леж.
А името Шкиприја и шкиптари води потекло од трговска фамилија од Дриваст именувана „Шипудар“ и нема ама баш никакви допирни точки со орли. |
| Никола, 29.11.2012 02:05:36 | Колку што јас сум запознаен,двоглавиот орел е основно обележје на христијанството затоа што тоа го означува со едната глава земското царство,а со другата глава духовното царство.Двоглавиот орел го има во Руската,Српската,Црногорската,Грчката црква но исто така го има и во манастирот св.Јован Бигорски т.е. и во Македонската православна црква.Албанскиот двоглав орел е наследство од Ѓоргија Кастриот-Искендер (Кај Албанците познат како Скендербег) кој бил христијанин и го користел овај симбол,кој како што напоменав е христијански симбол...Затоа незнам по која логика Албанците муслимани се горди со христијански симбол. |
| USA, 29.11.2012 03:32:30 | Vo kontekst na temava i vo relacija na sozivot, dali avtorot ke se slozi so tezata deka se sto e makedonsko (ime, jazik i crkva) e negirano vo sosednite drzavi. Vo konkretniov slucaj koga slobodno bez zabrani se istaknuva albansko zname pa i amerikansko (drzavnoto go nema nikade), gi pravi makedoncite negirani i vo sopstvenata drzava. Ajde togas albanskoto naselenie vo Makedonija neka ja pritisne Albanija da ne priznae pod ustavno ime. Vo interes na sozivot, logicno e neli? Potoa mnogu podobro ke se objasnime i vnatre.....vo Makedonija. |
| hmm, 29.11.2012 03:48:38 | mozda slavenjeto na znameto e kulturen nastan, no nacinot na koj toj nastan se slavi e definitivno daleku od kulturen, koj poimnal niz cair vo poslednive nekolku dena znae |
| Tina, 29.11.2012 07:48:51 | Ajde da zboruvame vistinski znaminja.
Se shto imat Albancite Grci Srbi i koji drugi nacij
koji ziveat okoly nas Makedonci, imat upotrebuvano Makedonski anticki znamenitosti.
Orel (dvoglav ili edno glav) insignia na antichko upotrebuvanje na Orel za lov na divi zivotni za vreme Filip vtori i na tamo a i pred nego.
Orel e vo istorijata.
Dancuvanje na ORO, i nashata nosija se gleda kaj Albanci, Srbi i taka na tamo naciji koji imale kontact so nas vo istorijata na nijno naseluvanje.
Prashanje e, zoshto tie naciji okolu nas, ne ne pochituvat. Moze li oti nie sami toa go dozvoluvame. So politicari koji neznajat shto zboruvat. Deportacija na takvi. |
| Во што е магијата?, 29.11.2012 08:46:10 | Зачудувачки се единството и слогата на Албанците кога се во прашање националните и државните интереси! Без разлика на нивната верска определба (муслимани, православни, католици) сите се Албанци настапуваат со познатата заедничка цел. Дозволени се само разлики во политиката. Борбата за тоа кој да биде на власт е немилосрдна, но кога се во прашање нацијата и државата сите се на иста линија! Парадоксално напр. е тоа што поделбата на католици и протестанти кај цивилизираните Ирци, иако се сите христијани, е мошне изразена, вклучувајќи и чести жестоки судири!? Во што се состои магијата кај Албанците? Дали е тоа резултат на авторитетот на настариот во фамилијата и најпаметниот во опшетството или, пак, на флоскулата на Васо Пашко: „Албанизмот е единствена религија на Албанците“! Кога е во прашање знамето мислам дека во Македонија се направи грешка со авантурата за знаме со „Сонцето“ а не со „Лавот“ како традиционален хералдички знак на Македонија (А. Матковски)! |
| zrak, 29.11.2012 08:50:40 | bideki vesnicite vo mkd zaostanuvaat vo napredokot;mislam od nekreativnost i nasledena tromost vo rabotata,mesto da kliknam plus ili minus na komentarot na usa jas moram vaka so najava da mu kazam deka se slozuvam so negoviot komentar. koga nasite vesnici ke pocnat da go sledat napredokot vo novinarstvoto,iako ova bide cenzuirano,eden odgovoren ke go procita i mislam ke razmisli..... |
| Владимир, 29.11.2012 09:14:33 | Суштински и концепциски подобр текст во последно време немам прочитано. Вака концентрирана мисла, која како стрела годи на точното место, може да напише само некој кој одлично ги познава состојбите. Исто како што Македонците постојано си поигруваат со светоста на ВМРО, истото го прават и Албанците со светоста на нивниот Националниот симбол. Тоа значи дека длабоко сме заглавени во минатото, а се со една цел да се замагли сегашноста.... |
| Ѓорѓија Митревски, 29.11.2012 09:26:57 | Кога авторот ојаснува:“ поентата не е истакнување знаме на друга земја, може да служи и фактот што тоа никогаш не се придружува со знамето на друга албанска држава,Косово.“ , заборава да каже дека самите Косовари не го признаваат тоа знаме.Го сметаат за една скала до постигнувањето на целта, Голема Албанија.А, може и да ни објасни зошто нон стоп го веат Америчкото знаме?! |
| vexhije avdiu, 29.11.2012 09:42:43 | odlicnana statija.pozdrav do licnosta shto ja pishuvashe |
| nade, 29.11.2012 10:37:28 | vie filozofirajte ama ahmeti ali vospituva hitler-jugend koi marsirat so oruzje i albansko zname sred skopje toa sekako nee zaradi karn. |
| Do Tina, 29.11.2012 11:16:07 | Apcinjata ti se na 6 saati , ne na 12!Pocituvaj ja terapijatana doktorot! |
| Дими, 29.11.2012 11:24:01 | Коментарите на овој инаку одличен текст ја покажува нашата свест и интелигенција. Џабе авторот се обидува да објасни, кога ќе се стуштат сурија паметни кои се знаат, се разбираат, во се гледаат завера. Сите со едно спремно ама авторот да признае дека албанците се вакви, или зошто не кажеш дека си од Шкупарите од Дубровник или авторот да им каже на Тирана дека требаат вака-онака. И после се чудиме зошто албанците ни вртат грб и бараат Голема Албанија. Па знаете што, кога на секој искажан Албански збор ќе се најдат 1000 кои ќе му плукнат, белким и јас би сакал да се отцепам од таква држава и народ. Браво Роберт, благодарам за напорот да објасниш. |
| shkupjani, 29.11.2012 11:45:03 | USA Megju prvite drzhavi koj ve priznalo e R.Albania, ne znam zoshto barate 2 pati da ve priznavat ili citate samo srpski novini ili ste totalno frustrirani, nie navistina sme imale i ke imame nedorazbiranja so srbite a mozebi i vojni, ama ne razbiram zosto vie zemate strana , da bev na vase mesto ke bev neutralen i ke gradev dobrisosedski odnosi narocito so albancite bidelji ima dobra sansa da opstane Makedobnija, sto izgubi CrnaGora otkako stana nas prijatel, albancite i bugarite lesno se dogovarat, nie imame mnogu jasen poglen za naseto inato i necustvuvame potreba da ja velicime i 100% sme razlicni od slovnite zatoa ne znaete nisto sa vasiot sosed sepak toa e ves problem, mozete ka kazete deka sme dojdeni i od mars ili jupiter ase ednoo nie, sme naviknale na srpskoa propaganda so vekovi a so toa vie samo zemate strana pa stanuvate legitimna cel vo nepisanite normi koi se mnogu se nerazbirlivi za sllavjanite |
| Baron, 29.11.2012 12:18:24 | Kako sto napisa avtorot, albanskoto zname e postaro od 100 godini. E prasanjeto e zosto togash se slavi 100 godisnina od znameto koga vsusnost na site paroli bese staveno 100 godini albanska drzavnost. Ova moze da se razbere kaj nas Makedoncite kako edna prikriena poraka. |
| BHC, 29.11.2012 16:23:22 | Veruvam deka Robert ni prostuva na nas komentatorite.Osobeno na onie na koi shto edinstven izvor na znaenje ili potocno na neznaenje im e internet i selektivno go koristat samo ona shto se vklopuva so nivnite izvitopereni fakti.Osobeno na faktite na Ivko.Bez da proveruvam mu veruvam,a Robert seto toa go znae podobro od nego. Megutoa koga go otfrla *us* za od Georgius da napravi Georgi ne kazuva vo koj srednovekoven dokument go nashol toa,zatoa shto toa i ne postoi, toa e negova licna konstrukcija.Da prodolzi so otvrlanje i da gi otvrli *o* i *i* ke napravi Gerg.Propust na sakanje ili na nesakanje.Bilo kako,Robert mu prostuva.A za imeto Shqiptar tvrdi po negoe deka nema vrska so orli tuku so nekoja familija imenuvana Shipudar.Ne mu paga na pamet deka familijata mozda se osekala deka e od rodot na orlite i zatoa se narekla taka.Inaku,falati mnogu Robert.Nauciv mnogu za Albaskata kulturna tradicija.Prostimu na ovie seznajkovci-eksperti za izvitoperuvanje na faktite. |
| buran, 29.11.2012 19:43:37 | zatoa nie alb. proslavuvame 100 god.nezavisnost na drzava a vie ushte ste bez ime citajte malku poveke historija i pota komentirajte..... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Облачно
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -6°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|