03.12.2012, 10:32 Mанчевски гостува на универзитетот за филмски уметности во Москва
Филмската школа ВГИК во Москва е основана 1919 година, а меѓу другите, таму студирале Андреј Тарковски, Сергеј Бондарчук и Андреј Кончаловски
Режисерот Милчо Манчевски е поканет да гостува на најстарата филмска школа ВГИК, основана во Москва 1919 година, единствен универзитет на филмски уметности на светот. Неговото гостување го организираат американскиот Стејт департмент и Американската амбасада во Москва.
- По двонеделни подготовки, Манчевски почнува да работи со студенти по глума, а наскоро и да снима во Москва. На Универзитетот и во Американскиот културен центар во Москва се организирани и проекции на неговите филмови, разговор со академската публика, како и неколку работилници со студентите по камера, по глума и по режија. Проектот на Манчевски се состои во снимање во студијата на ВГИК и во Москва, информира С-прес.
Државниот ВГИК има 2.000 студенти поделени во повеќе специјалности. Меѓу другите, таму студирале Андреј Тарковски, Сергеј Бондарчук и Андреј Кончаловски. |